Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Општина Илинден: Подобри услови за учениците во ООУ „Браќа Миладиновци“

– ООУ „Браќа Миладиновци“ ја дочека новата учебна година подготвено, со подобрени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– ООУ „Браќа Миладиновци“ ја дочека новата учебна година подготвено, со подобрени услови за учениците и унапредена училишна инфраструктура. Во изминатиот период беа реализирани повеќе активности насочени кон создавање современа, функционална и пријатна средина за учење, соопштија денеска од Општина Илинден.

Увид во реализираните активности извршил градоначалникот Александар Георгиевски, кој истакнал дека во училиштето се реновирани три училници и целосно е опремена просторија за продолжен дневен престој. Притоа, како што нагласија од Општината, воведувањето на оваа новина, од оваа учебна година, сите основни училишта на територијата на општина Илинден обезбедуваат можност за продолжен престој на учениците.

Од Општината додадоа дека во рамки на активностите, дворот на централното училиште е партерно уреден со бекатон плочки, а започнати се и активности за поставување на летниковец, што ќе придонесе за создавање дополнителен простор за одмор и реализирање ученички активности.

Реклама

– Покрај централното училиште, уреден е и дворот на ПООУ „Браќа Миладиновци“ во населено место Текија. Целиот простор е поплочен со бекатон плочки, со што се подобрува неговата функционалност и безбедност, а училиштето добива современ и уреден изглед – смета градоначалникот Георгиевски.

Посетата била дел од активностите на градоначалникот за проверка на подготвеноста на основните училишта со оглед почетокот на новата учебна година.

– Со подобрените услови, уредените простории и инвестициите во училишната инфраструктура, ООУ „Браќа Миладиновци“ подготвено ги пречека учениците, создавајќи пријатна и функционална средина за непречено одвивање на наставата и успешен почеток на учебната година – додадоа од локалната самоуправа.