Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството

Општина Градско објави јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Градско објави јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферска непогода – мраз што ја зафати општина на 2, 3 и 4 мај годинава. Пријавувањето, како што се вели во објавата, ќе се врши од денеска до 15 мај секој работен ден од 8 до 14 часот во просториите на Општина Градско.

-Ги повикуваме сите земјоделци кои имаат претрпено штети навремено да поднесат пријава, потенцираат од Општина Градско.

По завршувањето на пријавувањето, односно по 15 мај Комисијата за штети на Општина Градско ќе излезе на терен и ќе ја утврди штетата кај земјоделските насади. Нивниот извештај потоа треба да го прифати Советот на Општина Градско на седница, а потоа треба да се достави на прифаќање и од централната Комисија за штети во Скопје.

Реклама

Инаку според првичните информации добиени од земјоделците во Општина Градско, најголем дел од штетите од мразот  се кај лозовите насади и овошките лоцирани покрај реката  Вардар.