Реклама

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

Македонија

Општина Демир Хисар ќе додели по 10.000 денари за секој новозапишан гимназијалец

Општина Демир Хисар обезбеди и ќе додели по 10.000 денари, еднократна финансиска помош за секој ученик кој ќе се запише во гимназиската струка во средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар. Од Општина Демир Хисар информираат дека одлуката е на градоначалникот Никола Најдовски и со цел да се даде поддршка на учениците и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Демир Хисар обезбеди и ќе додели по 10.000 денари, еднократна финансиска помош за секој ученик кој ќе се запише во гимназиската струка во средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар.

Од Општина Демир Хисар информираат дека одлуката е на градоначалникот Никола Најдовски и со цел да се даде поддршка на учениците и нивните семејства.

-Станува збор за мерка која претставува дополнителен поттик за младите да го продолжат своето образование во нашата општина, а воедно е и инвестиција во нивната иднина и развојот на локалната заедница. Ги повикуваме сите идни средношколци да ја искористат можноста и да станат дел од СОУ „Крсте П. Мисирков“ – Демир Хисар, посочија од тамошната локална самоуправа.

Реклама

Во учебната 2026/27 година во СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар, во прва година може да се запишат 84 ученици во 3 паралелки со настава на македонски јазик. Во насоката гимназиско образование, за која се доделува еднократна финансиска помош од 10.000 денари може да се запишат 34 ученици, а уписи се вршат и за насоките за шумарство за 25 ученици, и таа се реализира во соработка со ЈП Национални шуми, подружница Бигла, како и насоката електротехника и информатички технологии која се реализира во соработка со АД ЕСМ РЕК Битола, а може да се запишат максимум 25 ученици.