Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Општина Делчево започнува со изработка на студија за воведување зонско паркирање во градот

Општина Делчево започнува постапка за изработка на сообраќајна студија со идеен сообраќаен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево започнува постапка за изработка на сообраќајна студија со идеен сообраќаен проект и анализа за можностите за воведување зонско паркирање на подрачјето на градот .

Денеска градоначалникот Иван Гоцевски го потпиша Договорот со претставници од фирмата „24 ИНГ“ ДООЕЛ увоз-извор Битола, избрана како најповолен понудувач во постапката за јавна набавка за изработка на сообраќајна студија со идеен сообраќаен проект и анализа, за воведување зонско паркирање на подрачјето на град Делчево.

Предмет на договорот е професионална изработка на сообраќајна студија која треба да даде стручна анализа и предлог-решенија за организација на паркирањето, можностите за воведување зонско паркирање и подобрување на сообраќајниот режим во централното градско подрачје. Студијата треба да содржи идеен сообраќаен проект и анализа за воведување зонско паркирање со цел да се утврдат насоодветните решенија согласно со реалните потреби и сулови во градот.

Реклама

Рокот за извршување на услугата е 12 месеци, а вредноста на Договор за изработка на студија е 600.000 денари, вредност без ДДВ.

Со започнувањето на оваа постапка, Општина Делчево прави чекор кон уредување на режимот на паркирање и подобрување на сообраќајната организација во градот, при што конечните решенија ќе се темелат на стручната анализа и изработената проектна документација.

Градоначалникот Гоцевски истакна дека целта на овој Договор е едноставна-Делчево да  добие соодветна студија која ќе понуди решенија за подобро искористување на ограничениот простор во централното градско подрачје. Делчево да има поуреден побезбеден и пофункционален сообраќај со решенија што одговараат на реалните потреби на градот и на граѓаните. Уреденото паркирање е дел од уреден град, без гужви и метеж по улиците, со поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.