Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Општина Делчево доби нова машина за чистење на улиците преку донација од приватна компанија

Општина Делчево доби нова вакумска метларка за чистење на улиците, како донација од скопската компанија „М-Д РЕНТАЛС“, а се очекува машината во наредните денови да биде ставена во функција за одржување на јавната чистота во градот. Како што информираа од Општина Делчево, станува збор за нова машина од марката „BAIYI“, произведена во 2024 година, која […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево доби нова вакумска метларка за чистење на улиците, како донација од скопската компанија „М-Д РЕНТАЛС“, а се очекува машината во наредните денови да биде ставена во функција за одржување на јавната чистота во градот.

Како што информираа од Општина Делчево, станува збор за нова машина од марката „BAIYI“, произведена во 2024 година, која поседува ИСО и СЕ сертификати. Вредноста на донацијата изнесува 399.992 денари со вклучен ДДВ. Во рамки на донацијата, компанијата обезбедила и обука за вработен во ЈКП „Брегалница“ за управување со новото возило.

На официјалното примопредавање на машината присуствуваше градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, кој оцени дека донацијата претставува позитивен пример за успешна соработка меѓу локалната самоуправа и бизнис-секторот.

Реклама

– Изразувам искрена благодарност до компанијата „М-Д РЕНТАЛС“, која ги препозна нашите заложби за почисто и поубаво Делчево. Ова е пример дека општествената одговорност создава трајни резултати, особено кога станува збор за јавната чистота. Секоја инвестиција во комуналната инфраструктура претставува инвестиција во подобра иднина за нашиот град, изјави Гоцевски.

Од Општината очекуваат со ставањето во употреба на новата метларка значително да се подобри одржувањето на јавната чистота, да се овозможи побрзо и поефикасно чистење на улиците, тротоарите и другите јавни површини, како и да се унапредат условите за работа на вработените во комуналното претпријатие.