Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Општина Чаир и Универзитетот „Мајка Тереза“ потпишаа меморандум за соработка за унапредување на здравјето на децата

Општина Чаир и Универзитетот „Мајка Тереза“ потпишаа меморандум за соработка со цел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Чаир и Универзитетот „Мајка Тереза“ потпишаа меморандум за соработка со цел обединување на професионалната експертиза и институционалните капацитети во функција на здравјето и правилниот развој на децата.

Како што соопштија од Општина Чаир, соработката ќе се реализира во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, преку организирање предавања и активности за учениците насочени кон правилното држење на телото, соодветното носење на училишната чанта и промовирање на физичката активност како значаен фактор за здрав раст и развој.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакнал дека целта е грижата за здравјето на децата да започне уште пред појавата на здравствени проблеми.

Реклама

– Сакаме грижата за здравјето на децата да започне пред да се појави проблемот. Покрај знаењето што го стекнуваат во училишните клупи, важно е децата да научат и како да се грижат за себе и за своето здравје додека растат. Преку соработката со Универзитетот „Мајка Тереза“, стручното знаење го носиме директно во нашите училишта, бидејќи најдобрата инвестиција во здравјето е онаа што се прави навреме – изјави Меџити.

Од Општина Чаир посочуваат дека партнерството има за цел да ја зајакне едукацијата и свесноста кај учениците за важноста на здравите навики од најрана возраст, ставајќи ги превенцијата и благосостојбата на децата во фокусот на активностите.