Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Општина Берово ќе наградува ученици и ментори за успеси на државни и меѓународни натпревари

Советот на Општина Берово на денешната седница го усвои Правилникот за наградување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Општина Берово на денешната седница го усвои Правилникот за наградување на ученици и ментори кои оствариле значајни резултати на државни и меѓународни натпревари, индивидуално или групно.

Со донесувањето на Правилникот, локалната самоуправа ја потврдува својата заложба за поддршка, мотивирање и поттикнување на младите таленти, како и за вреднување на трудот, знаењето и посветеноста на нивните ментори.

Од Општината информираат дека Правилникот има за цел да обезбеди дополнителна мотивација за учениците да продолжат со постигнување врвни резултати во различни области, но и да ја афирмира важноста на образованието, знаењето и вложувањето во младите генерации.

Реклама

– Преку оваа мерка се испраќа јасна порака дека трудот, успехот и посветеноста, и на учениците и на менторите, заслужуваат признание и поддршка од локалната заедница, посочуваат од Општина Берово.

Согласно усвоениот Правилник, ќе се доделуваат парични награди за освоени први, втори и трети места на државни и меѓународни натпревари, организирани од акредитирани здруженија на наставници, за индивидуални и групни натпреварувања.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека со оваа одлука продолжуваат активно да вложуваат во образованието, успехот и развојот на младите, создавајќи дополнителна мотивација за постигнување врвни резултати и афирмација на општината на државно и меѓународно ниво.

Општина Берово најавува дека и во иднина ќе продолжи со креирање мерки и политики насочени кон поддршка на учениците, наставниот кадар и развојот на квалитетното образование, како еден од најважните столбови за иднината на локалната заедница.