Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Општина Аеродром доделува еднократна помош за првачиња

Општина Аеродром и оваа година продолжува со мерката за поддршка на семејствата, обезбедувајќи еднократна парична помош во износ од 3.500 денари за секое дете запишано во прво одделение во основно училиште на територијата на општината. Пријавувањето за остварување на правото на парична помош ќе трае од 15 јуни (понеделник) до 30 септември 2026 година. За […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Аеродром и оваа година продолжува со мерката за поддршка на семејствата, обезбедувајќи еднократна парична помош во износ од 3.500 денари за секое дете запишано во прво одделение во основно училиште на територијата на општината.

Пријавувањето за остварување на правото на парична помош ќе трае од 15 јуни (понеделник) до 30 септември 2026 година.

За поднесување на барањето, во архивата на Општина Аеродром потребно е да се достават:

Реклама

• Потврда за запишан ученик во прво одделение, заверена од основно училиште на територијата на Општина Аеродром или од основно училиште со ресурсен центар; • Фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето; • Фотокопија од лична карта или патна исправа на барателот со адреса на живеење во Општина Аеродром; • Фотокопија од трансакциска сметка.

Образецот за пријава и изјавата за согласност за обработка на лични податоци се достапни на следниот линк: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari

Со оваа мерка, Општина Аеродром продолжува да инвестира во образованието и да им помага на семејствата во пресрет на почетокот на новата учебна година.