Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите, Собранието ќе ја одржи и 122. пленарна седница

Собранието денеска ќе ја одржи 122. пленарна седница, а по гласањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе ја одржи 122. пленарна седница, а по гласањето на дневниот ред најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот.  

На дневен ред на 122 седница се предлог на одлуки за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда “Мито Хаџи Василев- Јасмин”, за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември”, за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски” и Предлог на закон за државната ревизија, во прво читање. 

По скратена постапка се предлага да се носат измени на Законот за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, по скратена постапка, измени на Законот за комуналните дејности, измени на Законот за градење, измени и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, измени на Законот за санитарната и здравствената инспекција, измени и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, Предлог на одлука за начинот на спроведување на интервју, оценување на исполнувањето на условите и бодирањето на кандидатите за членови на Советот на јавните обвинители на Македонија, Предлог на одлука за начинот на спроведување на интервју, оценување на исполнувањето на условите и бодирањето на кандидатите за членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија и Предлог на автентично толкување на член 23 став 1 точка 18 од Законот за данок на додадена вредност.