Струшката спортска сала “Нико Нестор” во која вежбаат илјадници ученици и 6 спортски клубови, е темпирана бомба.Никој не води грижа за објектот кој е стар скоро половина век и се рапаѓа. Прозорците се искршени, кровот прокиснува на сите страни,секој тренинг или натпревар се одржува под голем ризик и без рефлектори бидејќи лесно може да настрадаат од струен удар или пожар,никој не знае во каква состојба е и електричната инсталација.Тренeрите и претседателите на клубови отворено кажуваат дека и струјата сами ја поправале.
“Јас сум овде веќе 20 години полошо не било, ако зборуваме за детали најголем проблем ни е подлогата која е стара близу 40 години која е испукана на многу места, разделана на цепови,плутата под неа е уништена.Второ,имаме проблем голем и со покривот кога при силни дождови капе на 20,30 места на теренот и истиот тој дожд ни прави проблем низ ходници, соблекувални ,а таму е друга приказна”-вели Владо Ѓоровиќ-тренер на женски К.К клуб “Струга 2009”
Поради неплатен долг кон ЕВН своевремено била исклучена струјата во салата.Застрашувачка е информацијата дека во едни такви услови секој клуб обезбедил приклучок со сопствен струјомер и пред секој тренинг ги менувале сатовите на стујомерот преку склопка. Корисниците на салата проблемот го лоцираат во тоа што наводно не се знаело кој стопанисува со објектот.

“Бидејќи ја стописуваше Спортски сојуз таа сала и уште мислам дека се тие званично, само тие се блокирани.Каде е проблемот што е,ние се мачиме се бориме да воспитаме, да социјализираме деца, да ги тргнеме од улица и од лоши пороци,а во какви услови ! При појаки дождови почнува да врне, се тресиме дали ќе мора да бараме некое друго чаре”-вели др Јован Трпеноски-претседател на ЖРК “Стружанка Струга “
Извори за Алфа брифираат дека спортската сала “Нико Нестор” взаемно ја стопанисуваат Сојузот на спортови Струга и истоименото средното училиште во кое учат 1500 деца.Раководството на сојузот не одржало нити едно годишно собрание ,нити дало отчет за финансиското работење.Дел од членовите на управниот одбор тврдат дека не ни знаеле дека се членови на тоа тело.
За ова се обидовме да стапиме во контакт со директорката на “Нико Нестор” но таа била на службено патување, а челниците на сојузот на спортови Струга, не успеавме да ги добиеме.Родителите подготвуваат петиција до општината и надлежните институции.Објектот велат наликува на кочанската дискотека во која загинаа 60 млади луѓе.
