Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Опасен ТикТок предизвик – 11 деца завршија во болница

Вака изгледа застрашувачкиот ТикТок предизвик наречен „Супермен“, кој се шири низ светот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вака изгледа застрашувачкиот ТикТок предизвик наречен „Супермен“, кој се шири низ светот, но и во Македонија. Досега единаесет деца завршија на Клиниката „Св. Наум Охридски“ во Скопје, поради самоповредување во предизвикот за социјалната мрежа. Според информациите од Клиниката,  децата се на возраст од 10 до 16 години, и истите биле примени во болница во периодот од 2 декември до вчера до 13 часот. Самоповредувањето за психолозите е несфатливо.

„За жал се поставува прашање, зошто на децата тоа им е интересно? Не само овој предизвик, имале други, претходно што сме ги знаеле, зошто на децата тоа им е интересно, зошто би сакале да ги повредат своите другари или да се повредат себе си? Од каде тоа интересно денеска, да некого повредиш, да го фрлиш во воздух и да се тргнеш на страна за да падне на земја“ вели Мирјана Јованоска Стојановска, психолог

Стручните лица порачуваат дека надлежните, родителите и сите кои се вклучени во образовниот процес и растењето на децата дека треба сериозно да разговараат со нив и да им посочуваат често на последиците, кои можат да бидат и фатални.

Реклама

„Значи потребна е родителската контрола, потребна е контрола и општеството да најде начин како би можело да ги контролира тие содржини, некој програми кои би можеле да бидат, нели поголема контрола на она што децата можат да го видат, и подобар контекст со младите, повеќе грижа за нив, и во моменти кога доаѓаат со контекст на вакви содржини, ни соопштат што се случува, каде го нашле тоа, колку е лошо тоа за нив или кои се го работи тоа“ вели Мирјана Јованоска Стојановска, психолог

Да се насочат учениците кон предизвици со знаење, а не кон ТикТок – порача министерката за образование Јаневска.

„Ги повикувам средношколците наместо да имаат Тик-Ток натпревари да се насочат на натпревари во образованието и науката. Телефоните во училиштата можеме и да ги забраниме, но тие ќе им бидат достапни дома, во маало и во други средини. Децата треба да прифаќаат предизвици во образование и наука, а нивните родители, заедно со училиштето да ги насочат кон тоа“ вели Весна Јаневска, министер за образование и наука

Ова не е нешто ново кое што ТикТок го предизвикало меѓу младите. Во февруари минатата година, 14-годишно девојче беше жртва на струен удар од високо напонски жици на вагон во населбата Илинден, каде сакало да сними Тик-Ток видео.

Давид Крстевски