Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

„Онкологија 2“: Обвинителството презентира докази од ХИС-системот за набавката, прием и испис на теарпијата, одбраната оспори дел од доказите

Со презентација на електронски докази и документација од болничкиот систем ХИС, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со презентација на електронски докази и документација од болничкиот систем ХИС, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи доказната постапка за предметот „Онкологија 2“, во кој поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и организацискиот директор Нехад Нухи се обвинети дека преку фиктивни набавки и злоупотреби со скапа терапија го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра.

Според обвинението, двајцата обвинети во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, а со денеска презентираните докази Обвинителството настојува да ја поткрепи документацијата за набавката, евиденцијата и аплицирањето на лековите, како и податоците за нивната потрошувачка и финансиска вредност.

Обвинителството пред судот презентира три цедеа со електронска документација, меѓу која ексел-табели и скенирани документи од болничкиот информатички систем ХИС на ЈЗУ УКРО, со податоци за хоспитализации, медицински досиеја, аплицирана и потрошена терапија, финансиски пресметки и постапки за јавни набавки на биолошка, моноклонална и таргет-терапија. Во дел од документацијата биле содржани и податоци за лекари на прием и испис, како и дописи и одлуки поврзани со спецификации и набавки на лекови за потребите на Клиниката.

Реклама

– Со ова се прикажуваат вкупниот вид и количината лекови, колку е евидентирана како потрошена и од страна на кој лекар е одобрена за апликација при прием и испис – рече јавната обвинителка.

Бранителката на второобвинетиот Нехад Нухи, адвокатката Анита Бегова, пак, приговараше на вака изведените докази оценувајќи дека Обвинителството презентирало ексел-табели и копии без заверка наместо официјални финансиски документи.

– Наместо завршни сметки за финансиски податоци од УКРО, Обвинителството презентира некакви ексел-табели… Во најголем дел документите со во копија, без печат „верно на оригиналот“ и без потпис, со што нивната автентичност не може да се испита, па се неподобни како доказ. Некои од документите се во електронска верзија, чија автентиност исто така не може да се испита ниту, пак, изворот од каде се обезбедени овие документи. Вакви докази не се изведуваат, туку треба да се издвојат и ковертираат – вели Бегова. 

На претходното рочиште одбраните на двајцата обвинети имаа спротивставени ставови за начинот на изведување на доказите. Бранителот на првообвинетиот Никола Васев, адвокатот Боби Спирковски, побара селекција и читање само на клучните докази за да се избегне одолжување на постапката, а одбраната на Нухи инсистира секој доказ поединечно да биде презентиран во судница.

Покрај овој предмет, во тек е и постапката „Онкологија 1“, во која Васев и уште двајца лекари се обвинети за несовесно лекување пациенти.