Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 ОН ја поставија Македонија на осмо место во светот според раст на туризмот

Со раст на туризмот од 22 % во првиот квартал годинава, Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со раст на туризмот од 22 % во првиот квартал годинава, Македонија е рангирана на осмото место од страна на Туристичката канцеларија на ООН.Ова говори дека секторот е меѓу најбрзорастечките гранки во економијата.Ова според премиерот  е уште еден доказ и дека владините политики даваат резултати. Владата останува посветена на растот на целата економија,вели Мицкоски.

 “Читајќи ги порталите, ми пролета една вест дека ОН и нивната канцеларија за туризам ја вметнала Македонија како осма дестинација за туризам во светот. Kако влада сме сериозно посветени на економијата бидејќи силно веруваме дека имаме огромен потенцијал и тој потенцијал кој што го имаме и како Влада но и човечкиот потенцијал со кој располага државата може да не одведе со гигантски чекори напред и тоа го правиме и такви се првичните идникатори од оваа годинава,за нас гигантски за разлика од чекорењето наназад изминатите седум години”-рече премиерот Мицкоски

Според државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2025 година изнесува 130 739, од кои 22.4 % се домашни туристи, а 77.6 % се странски. Бројот на ноќевањата изнесува 231 313, од кои 28.8 % се од домашните туристи, а 71.2 %.

Реклама

 Првите 5 месеци од годинава во однос на истиот период лани, вкупниот број на туристите е зголемен за 16.3 %, односно кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за 23.6 %.  Најпосетувани градови се Скопје и Охрид а најбројни се гостите од Турција,Германија, Франција и нашите традиционални туристи, србите. Најпосетувана дестинација во туристичката мека е маниастирскиот комплекс Свети Наум,заливот на коските  Музејот на вода „Залив на коските“ кај Градиште кој целосно е реставриран, потоа цркавата Свети Јован Богослов, Канео како и Светиклиментовиот храм Свети Пантелемон на Плаошник.