Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

„Окта“ со намалени цени на дизелот и на бензините за трговците, се очекува намалување на цената на горивата

Компанијата „Окта“ донесе одлука, со која, почнувајќи од денеска до крајот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Компанијата „Окта“ донесе одлука, со која, почнувајќи од денеска до крајот на март, за два денара ги намалува цените на дизелот и на бензините за трговците што набавуваат горива од компанијата овозможувајќи им на тој начин на трговците на големо и мало оваа придобивка да ја рефлектираат во крајните цени за потрошувачите. 

Главниот извршен директор на „Окта“, Димитриос Пасхос, денеска на прес-конференција со министерката за енергетика Сања Божиновска, соопштувајќи ја одлуката, рече дека останува на трговците на големо и мало самостојно да ги утврдуваат продажните цени во согласност со своите комерцијални политики и пазарни услови. 

– Зајакнувањето на снабдувањето преку продуктоводот „Вардакс“ игра значајна улога во обезбедувањето стабилност и континуитет во снабдувањето со горива во целата земја. Компанијата како општествено одговорна, која работи со снабдување со енергенти, е посветена на тоа ваквото зајакнато снабдување да го преточи во материјални опипливи придобивки за крајните потрошувачи. И од овие причини, од денеска до крајот на месецот, воведуваме попуст од два денара за литар дизел и бензин за оние големопродажни и малопродажни трговци што ги набавуваат горивата кај нас. На тој начин ние им овозможуваме на овие трговци да ја пренесат оваа придобивка кон потрошувачите. Сепак, мора да нагласиме дека трговците ја задржуваат својата слобода самостојно да ги формираат малопродажните цени – појасни Пасхос.

Реклама

Пасхос вели дека имаат задолжителни резерви, но и дополнителни резерви. Процените на компанијата се дека со ваквиот чекор таа дава вкупен придонес во поддршка на пазарот во износ од речиси два милиона евра.

Министерката Божиновска се надева дека трговците ќе бидат општествено одговорни во овие моменти на криза и дека ќе ја искористат придобивката што ја нуди „Окта“. 

– Се надевам дека сите ќе бидат општествено одговорни и ќе постапат во интерес на граѓаните – рече Божиновска. 

Уверува дека снабдувањето со гориво во земјата е стабилно и дека компаниите располагаат со доволно резерви. Во согласност со Правилникот за нивото и начинот и пресметката на оперативни резерви, трговецот во секое време треба да има оперативни резерви од нафтени деривати и горива за транспорт за покривање петдневен просечен обем на трговија за секој нафтен дериват поединечно, остварен од претходната календарска година.

– Во услови кога цените на нафтата растат на светските пазари и целиот регион и светот се соочуваат со ценовен притисок, снабдувањето со гориво во Македонија е стабилно, компаниите располагаат со обезбедени резерви, дополнително снабдувањето е зајакнато преку продуктоводот „Вардакс“, а Владата внимателно ја следи состојбата. Доколку глобалните ценовни притисоци продолжат, подготвени сме да ги искористиме сите механизми што ни стојат на располагање за да го заштитиме стандардот на граѓаните – нагласи Божиновска.

Во однос на реакциите дека граѓаните се оштетени затоа што одлука за нови цени на горивата се носи секој понеделник, иако цената на светските берзи е променлива, министерката Божиновска не се согласува со ваквите тврдења посочувајќи дека од почетокот на кризата во земјата има само едно зголемување на цените, но и покрај тоа имаме најниски цени на горивата.

– Одлуката ја носи Регулаторната комисија за енергетика, меѓутоа јас се распрашав и ми беше кажано дека ова пресметување е воведено од војната во Украина од 2022 година, а претходно било на неделно ниво. Како што ги следевме цените, војната почна на 28 февруари, а ние имавме само едно зголемување, што значи дека ако се видат сите цени, мислам дека граѓаните не се оштетени. Сепак, РКЕ е таа што ги следи цените и има методологија на цени и се надевам дека и тие како и ние работиме во интерес на граѓаните – рече Божиновска.

Според податоците од Агенцијата за задолжителните нафтени деривати, во земјата има 138 милиони 878 илјади литри „евродизел“, 32 милиона 098 илјади литри „евросупер БС-95“, екстра-лесно масло за домаќинство – 10 милиони 772 илјади литри  и мазут – 5 милиони 287 илјади килограми.

– Макора има обврска да направи нова набавка, тоа им е редовна набавка – рече Божиновска.