Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Околу 300 нови паркинг места ќе има во Штип со изградба на нови катни гаражи и платформи на реката Отиња

Околу 300 нови паркинг места се планираат во централното градско подрачје на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 300 нови паркинг места се планираат во централното градско подрачје на Штип, најави директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски. Тој вели дека планирани се изградба на платформи на реката Отиња, но и катни гаражи. 

– Во тек е изработка на техничка и проектна документација за изградба на катна гаража, спроти хотелот „Гарни“, на ова место се очекува да имаме од 70 до 80 нови паркинзи, а исто така ќе се гради катна гаража и позади зградата на Општината. Платформа за паркирање е планирана да се изгради и кај зградата на Стопанска банка, вели Стефановски. 

Тој најави дека ќе се чистат и паркинзите во центарот на градот од стари возила, кои подолго време се паркирани и претставуваат дополнителен проблем да се најде слободно паркинг место  во централното градско подрачје. 

Реклама

– Треба да се пријавува кај комуналната служба, комунален инспектор врши увид на терен, врши проценка и му издава опомена на сопственикот на возилото со временски рок за да го отстрани. Ако овој рок не се почитува комуналните служби издаваат решение до ЈП „Стипион“ кои имаат обврска да го отстранат возилото – вели Стефановски. 

Освен за хаварисани возила санкции ќе има и за неправилно паркирано автомобили, оставени на тротоари и коловози. Целта е полесно да се најде слободно паркинг место во централното градско подрачје.