Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Економија

Околу 1.500 тони тутн скапува по амбарите, министерот оптимист дека можел да се откупи за три дена

Околу 1.500 тони тутн скапува по амбарите на земјоделците, а ресорниот министер…

Сподели:

Околу 1.500 тони тутн скапува по амбарите на земјоделците, а ресорниот министер е оптимист дека со добра организација, истиот можел да се откупи за само три дена. По средбата со дел од откупувачите, тие искажале подготвеност да ги преземат вишокот количини, иако периодов мака мачеа со ниската откупна цена, вели министерот. Тој очекува од откупувачите да кажат колку од вишоците ќе може да преземат, по што ќе се знае дали ќе има дополнителни измени на Законот за тутун кои би овозможиле извоз од страна на производителите.

  • Дневната динамика на откупот е околу 400 до 500 тони и поради тоа верувам дека за три дена може да се откупи вишокот. Работата е само да се воспостави добар систем. Убеден сум дека проблемот ќе го решиме и очекувам тоа да биде на најбезболен начин, со учество на сите откупувачи. Но ако тие не учествуваат во решавањето на проблемот, ние како држава имаме обврска и ќе го решиме проблемот, изјави Хоџа.

Измените на Законот веќе стапија на сила па откупот можел да продолжи. Од реколтата 2020/21 договорени количини имало 23.000 тони, но досега, откупени биле 23.300, што е околу 2 милиони килограми повеќе.

Во однос на 5-те милиони евра поддршка кои се дел од петтиот пакет мерки, Хоџа напомена дека сè уште не е јасно прецизиран ставот како овие средства ќе се искористат. Тоа ќе биде договорено по целосното завршување на откупниот процес.

Реклама

Претходно, дел од тутунарите се жалеа дека кај откупувачите немало интерес за да се преземе вишокот тутун. Производителтие, пак, тврдеа дека ќе се откажат од новиот проиводствен циклус, оти со тони тутун им стои скапува по домовите. Во знак на револт добар дел од нив периодот гневот го истурија врз улиците, револтирани од, како што велат, неодговорниот одност од страна на власта.

Борис Грујоски