Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Охрид утре без автомобили во рамки на Европската недела на мобилност

– Општина Охрид го прогласи утрешниот ден за „Ден без автомобили“, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Општина Охрид го прогласи утрешниот ден за „Ден без автомобили“, во рамки на Европската недела на мобилност што се одбележува од 21 до 27 септември. Годинашната тема е „Меѓугенерациска правичност“.

По тој повод, локалната самоуправа во соработка со СВР Охрид организира велосипедско дефиле по градските сообраќајници.

Дефилето ќе се одржи од 11 до 13 часот, со почеток од кеј „Македонија“, пред хотел „Палас“. Ќе продолжи по кејот „Македонија“, улицата „АСНОМ“ до пресекот со улицата „Партизанска“, а потоа по „Партизанска“ до пресекот со улицата „Кузман Јосифовски“ и ќе заврши на кеј „Македонија“, информираат од Општина Охрид.

Реклама

Од Општината упатија повик до граѓаните масовно да се вклучат во акцијата и барем еден ден во годината да одат на работа без автомобил.

„Во вторник оставете го автомобилот дома и уживајте во возење велосипед, тротинет или пешачење, знаејќи дека ќе го направите вистинскиот потег за зачувување на чистиот воздух и чистата животна средина“, порачуваат од Општина Охрид.