Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Охрид, Струга и Поградец, обединети на Денот на Охридското Езеро

Езерото ги спојува, проблемите ги обединуваат – Охрид, Струга и Поградец во битка за зачувување на природниот бисер. Загадувањето, неконтролираната урбанизација на крајбрежјето, состојбата со плажите и зачувувањето на статусот под заштита на УНЕСКО беа главните теми на кои разговараа градоначалниците на Охрид, Струга и Поградец. На Денот на Охридското Езеро – 21 јуни, претставниците […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Езерото ги спојува, проблемите ги обединуваат – Охрид, Струга и Поградец во битка за зачувување на природниот бисер.

Загадувањето, неконтролираната урбанизација на крајбрежјето, состојбата со плажите и зачувувањето на статусот под заштита на УНЕСКО беа главните теми на кои разговараа градоначалниците на Охрид, Струга и Поградец.

На Денот на Охридското Езеро – 21 јуни, претставниците на трите езерски градови испратија порака дека грижата мора да биде заедничка.

Реклама

„Секако дека загадувањето, според мене, секогаш е еден од примарните проблеми, не само на езерото, туку и на животната средина во целост, и тоа е прашање за кое треба да бараме заеднички решенија. Веќе беа спомнати некои преговори и можности за преработка на отпадот во електрична енергија. Секако дека статусот на УНЕСКО ни е особено важен и тука ја спомнавме потребата од поголема соработка помеѓу нашите институции поврзани со УНЕСКО. Значи, помеѓу комисиите за УНЕСКО во Охрид, Струга и Поградец, тоа е едно од прашањата на кои треба да се работи, односно нивна поголема координација за изнаоѓање заеднички и корелативни решенија“, вели Ана Крстеска, заменик-градоначалник на Охрид.

Градоначалникот на Поградец уверува дека се работи на решавање на проблемот со отпадните води. Тој најави и соработка со канадска компанија, која треба да помогне во решавањето на проблемите со отпадните води, со цел езерото да остане чисто и незагадено.

„Што се однесува до Охридското Езеро во делот на Поградец, многу работевме на уредување на канализациската мрежа. Проблемот е актуелен само во крајезерската област Уденци, но и таму работиме многу напорно. Гарантираме дека повеќе нема да има испуштање отпадни води во Охридското Езеро. Стапивме во контакт и со канадска компанија која ќе помогне да се решат проблемите поврзани со отпадните води, но и со другиот отпад“, вели Илир Џаколи, градоначалник на Поградец.

Најголем предизвик за струшкиот градоначалник е состојбата со крајбрежјето.

„За жал, хаосот е веќе направен со години наназад. Никогаш не сум рекол дека ќе го решам одеднаш, меѓутоа мораме да настојуваме да го решиме овој проблем, зашто ако сакаме да ги почитуваме барањата од УНЕСКО, како и сите други закони што треба да ги спроведеме на дело, тоа мора да го правиме заедно со централната власт. Барав да имаме управување со плажите, поради тоа што досега немало соодветно управување. Баравме од Општината и повторно ќе бараме да се донесе одлука ние да управуваме, а потоа да имаме и сопственост. Значи, настојуваме да воспоставиме контрола“, вели Менди Ќура, градоначалник на Струга.

Но, освен еколошките предизвици, трите града гледаат и можност за заеднички туристички развој. Во план е подобро поврзување на Охрид, Струга и Поградец преку бродска линија, како и креирање заеднички туристички понуди.

Целта е туристите да не остануваат само еден ден во еден од градовите, туку да престојуваат подолго и да го доживеат целиот регион. Потребно е и подобро поврзување на градовите преку велосипедски и пешачки патеки, како и нови туристички содржини.