Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Охрид со нова метода за третман на артерии, чекор напред за македонското здравство

Македонија прави чекор напред во медицината со примена на современи методи кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија прави чекор напред во медицината со примена на современи методи кои ги надминуваат дури и дел од европските практики. Станува збор за третман на периферна артериска болест,кој за прв пат почна да се применува во земјава и тоа во охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања.

 “Во рок од два месеци во нашата установа се воведе уште една нова процедура дирекна артериска тромбендаректомија ротациона на крвни садови изразито калцифицирани, бидејќи нашите пациенти се генерално со изразито калцифицирани периферни артериски крвни садови. Оваа метода за првпат се воведува во Македонија и во нашата Установа. ”- вели Д-р Дејан Манчески кардиолог од  Ј.З.У “ Свети Стефан “ Охрид 

”Воведуваме една нова модерна процедура која не се работи ниту во сите европски центри. Денес имаме три пациенти што е сосема доволно оваа процедура да се воведе во стандардната клиничка пракса во болницата и се надевам дека истата ќе заживее и ќе продолжи да се спроведува кај повеќе пациенти “ –вели  Доц. Д-р Владимир Цветиќ,Клинички центар Белград

Реклама

Со новата метода беа изведени зафати кај три пациенти,годинава се планирани интервенции кај 7-мина,со цел унапредување и лекување на периферната артериска болест. Се проценува дека во Македонија меѓу 20.и 30.000 луѓе страдаат од оваа болест.

“Со ова се зголеми квалитетот  на здравствените услуги кои што ги добиваат пациентите кај нас, а пред се мислиме на пациентите со периферна артериска болест кај кои што се подобрува квалитетот на живот, се минимизира потребата од хируршките интервенции и се спречува инвалидитетот.” вели д-р Билјана Тегоска,директор на Ј.З.У “ Свети Стефан “ Охрид 

Инаку од Фондот за здравство болницата доби одобрување за воведување на пет нови процедури со 40 интервенции за што ни е обезбеден буџет од 6 милиони денари за набавка на скапиот потрошен материјал.