Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Охрид полн со гости, расте интересот и покрај повисоките цени, Струга пак без новогодишен дочек

Во последниот понеделник од годинава што изминува,Охрид веќе се полни со гости.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во последниот понеделник од годинава што изминува,Охрид веќе се полни со гости. Секоја година се стремиме, велат туристичките работници,да донесеме што повеќе гости,со добра организација и атрактивна понуда која градот ја нуди. Пропагандата и убавите препораки од оние кои што веќе биле во Охрид се најдобриот начин за привлекување на туристи,што само по себе пак ја наметнува потребата од проширување на понудата-велат хотелиерите.

 “Освен што треба на гостите да им понудиме сместување,ние треба да им понудиме и едно доживување зошто би не одбрале како дестинација,можеби треба да поработиме малку на пакети како да ги привлечеме за да секоја година сме поуспешни.Годинава дури и зачудувачки имаме гости и од Унгарија кои што до сега не биле наши гости” -вели Ана Јанчева,хотелиер

Дел од хотелите на ривератацелосно се закупени уште пред 2 месеци,иако годинава цените на аранжаните се далеку повисоки во однос на пример на една од најуспешните години 2018-та кога цените на тридневните аранжмани во хотелите се движеа од 100 до 150 евра,а сега се движат од 255 евра па нагоре.

Реклама

 “Цените на угостителските услуги пораснаа и се на врвот на пораст на цените воопшти во таа инфлаторна спирала.Aма од друга страна просекот на платата исплатена во секторот угостителство е на ранг на минимална пплата, е тоа е лошо.A високи цени, а оној кој што плаќа висока цена, видете нема висока цена ,што добивате за цената?”-вели Сашо Коруноски-универзитетски професор

Струга во секој поглед е поефтина во однос на Охрид,иако што се однесува  на содржините кои ги нудат хотелско угостителски објекти,секој може да најде забава за себе. Градот е преполн со гурбетчиите кои за нова година се враќаат дома.Тие немаат можност да се развеслат во преубавиот крајезерски амбиент оти општината никогаш не организира свечен дочек на плоштад.

“Сега дочек ако мислите на музичка манифестација,тоа немаме тоа оставаме на самите економски оператори ,ресторанти или угостителски објекти сами тие да го организираат,а во склоп на општината нема да има таква организација”вели Арбреша Влаши,претседател на Совет на Општина Струга

Ако е за утеха, Струга прв пат блесна новогодишно.Инаку во двата града, веќе има зголемена  фреквенција на возила, од полицијата,со апел до сите возачи да внимаваат за време на новогодишните празници.Најавуваат дека ќе ги интензивираат сообраќајните и другите контроли на целото подрачје.

Росица Голабоска