Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Охрид полн предновогодишно со домашни и странски посетители

Со жива музика,угостителските објекти предновогодишно се полни,а како одминуваат деновите се зголемува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со жива музика,угостителските објекти предновогодишно се полни,а како одминуваат деновите се зголемува интересот за празнување во Охрид.Домашните и гостите од регионот за најлудата ноќ ги закупуваат приватните сместувачки капацитети до таа мера што речиси веќе тешко се наоѓа слободно сместување .Ова говори дека Охрид празнично ќе биде полн. Позитивно се изненадени и хотелиерите ,интересот на србите, црногорците, грците,бугарите и албанците ги надминал нивните очекувања.

 Градот како и секоја година за новогодишните празници е преполн,посебно со туристи од Србија и Црна Гора.Најмногу од Србија се очекуваат околу 15.000 туристи оваа нова година според податоците кои што ги имаме, а домашните туристи секако дека се можеби и помногубројни,така да не очекуваат весели празници,добра програма”-вели Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид

Помалите и дел од поголемите хотели се исполнети до последната соба,целосно се закупени уште пред еден месеци. Сите хотели на ривиерата имаат повеќе од солидна исполнетост,дури и оние кои не организираат дочек на нова година во своите капацитите.

Реклама

Овој период веќе од пред недела дена се подготвуваат за претстојните празници и пополнетоста би била некаде минимум 80% ,помалите и 100 % дури и враќаат резервации –вели Климент Наумов-туристички водич

За новогодишните празници веќе сме пополнети,аранжманите се продадени уште на почеток на месец ноември.Гости ќе бидат присутни од соседна Бугарија но дел ќе бидат и наши домашни туристи-вели Кристина Богданоска-хотелиер

Најпродавани се пакет аранжманите кои нудат  3 дневен престој, а цените се движат од 150 до 250 евра по лице,зависно од тоа што содржи аранжманот.Годинава цените на пакет аранжманите се малку поскапи за разлика од лани, но тоа не ги одвраќа вљубениците во Охрид.

Ако се изземе ковид пандемиската 2020-та кога ретко кој се осудуваше да патува,последнава деценија интересот за новогодишно празнување во Охрид е голем. Нашата туристичка мека станува ефтина дестинација во однос на останатите центри на Балканот, поради тоа градот од година во година станува се’ по привлечен, кога станува збор за нова година. Почнувајќи со дочекот за нова година, па се до крај на јануари, Охрид е полн со настани и празнувања ,потенцираат хотелиерите. 

Росица Голабоска