Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Охрид го живее шпицот на туристичката сезона за Илинден, градот преполн со тинејџери спремни за најавените концерти

Летно лудило го зафати Охрид. Градот ечи од сите страни, слободни соби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Летно лудило го зафати Охрид. Градот ечи од сите страни, слободни соби во хотелите нема, а дебело се офајдија и приватните станоиздавачи. Преполн со гости, во неподносливо топлите ноќи градот е буден 24 часа. Покрај домашните, особено е забележливо присуството на гости не само од европските држави, туку и од целиот свет.

„Навистина многу ми се допаѓа Охрид, градот е прекрасен. Јас сум од Шпанија и би сакала повторно да дојдам за да ги вдишам планините и останатите убавини.“
„Не сум дојден тука за концертите, туку да уживам во овој историски град-музеј. Се симнувам од тврдината со неверојатен поглед кон градот.“
„Од пријатели слушнав за Охрид. Езерото е прекрасно, а луѓето се многу љубезни. Што е најважно, поевтино е од Ирска“, велат туристите.

Инаку, од вчера во Охрид тешко се наоѓа слободен кревет. Преовладуваат млади луѓе кои немаат големи можности за потрошувачка, но дошле поради бројните концерти што се одржуваат секојдневно.

Реклама

„Планираме да одиме на концерти, па ќе видиме како ќе биде. Имам пријатели кои доаѓаат тука секоја година и ми кажаа дека ова е добро место за забава.“
„Слушнавме дека доаѓаат многу луѓе, па нè интересираше да видиме што нуди Охрид.“
„Видовме дека има многу концерти. Ако имаме време, дефинитивно ќе одиме.“
„Општо, дојдовме на еден ден поради концертот на Буба Корели, малку да поседиме.“
„Планираме да одиме по забави со друштвото.“
– Колкав ви е буџетот за овој одмор?
„Двеста евра“, велат туристите.

Градот е преполн со гости. Пред рестораните и маркетите се чекаат редици, а на охридското шеталиште и низ чаршијата, особено во вечерните часови, нема игла каде да се фрли. Сепак, заеднички е заклучокот дека има цени за сечиј џеб и дека не треба да се генерализира со давање општа оценка дека Охрид е скап.

„Охрид како туристичка дестинација има понуда за секој турист. Секој може да си дозволи престој – има ресторани и хотели, и поскапи и поевтини. Нашите цени се конкурентни. Цените воопшто не се причина и не можеме да ги споредуваме, на пример, со Грција и другите земји, бидејќи таму се далеку повисоки“, вели Јаким Маленко од туристичката агенција „Виспој“.

Жешкото сонце и големите гужви ги натераа гостите да побараат освежување на кејот на Охридското Езеро, под дебелите сенки на градското шеталиште. Во претпладневните часови во центарот на градот сè уште може да се дише, а претежно семејства уживаат во ретките часови кога градот е потивок.

И додека охриѓани се жалат дека се „под седативи“, негодувајќи дека поради прегласната музика со денови не ставиле глава на перница, вљубениците во Охрид уживаат во македонскиот туристички бисер, бидејќи ги гледаат само неговите убавини.