Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Охрид чека вистинска марина – Министерството за транспорт прави анализи за еколошко и функционално решение

Во последиот инцидент со опожарениот глисер,за влакно е избегната трагедија со несогледливи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во последиот инцидент со опожарениот глисер,за влакно е избегната трагедија со несогледливи последици. Можеа да вивнат во воздух не само пловилата кои во тој момент биле во студенчишкиот канал туку и околните објекти.Во запаленот глисерот имал 350 литри гориво, приближно еднакво колку и останатите пловила кои се усидруваат во каналот а ги има околу 400. Во договорите кои сопствениците на пловила го потпишуваат меѓудругото е наведено дека е забрането внесување и полнење на гориво во пловилото. Не смее да се врши сервисирање,поправки доградби и други активности. Но, секојдневно на лето,во каналот течат најмалку по 10-тина литри бензин од пловилата,некои одат дури до таму што ги сервисирале пловилата во вода.

“За едно вакво езеро ти 3.000 единици да клајш глисери со по 500 коњи и со по 1000 од кои што половината се на нафта, тоа е веќе атак на Охридското езеро извршено, не атак туку убиство. Гледав една емисија во Етиопија носат во канти бензин и во шишиња туриваат во пловните  објекти.Исти сме ние ко Етиопија.”-вели Наум Мато-бродар

Технички преглед и редовна контрола на пловните објекти врши охридската Капетанија на пристаништата.Од таму посочуваат со какви проблеми се соочуваат,потенцирајќи дека во овој период зголемен е обемот на инспекциски надзор.

Реклама

ТЕЛОП Илија Арнаудоски-Капетанија на пристаништа Охрид: “Сопствениците на пловните објекти се должни при пловење да поседуваат уверение за управувач на чамец и пловидбена дозвола со која се потврдува техничката способност на пловниот објект. Во период од 6 месеци извршени се 56 инспекциски надзори,при тоа изречени се 29 санкции од кои најчесто за пловење без уверение за управување со чамец,без потврдена способност за пловење.Потоа за неистакната регистарска ознака, за претовар на патници, како и за пловење во период на забрана”

Никој не го оспорува фактот дека рекреативната наутика со години се судира со проблеми поради недостаток на марина за која се зборува 20 години,но за тоа треба да се направат темелни стручно-научни анализи-велат природонаучниците,став кој го дел и од ресорното министерство.

Министерство за транспорт и врски:” Утврдено е дека постои потреба од едно функционално решение кое ќе ја подобри состојбата со пловните објекти во Охрид притоа да се запазат сите еколошки стандарди.За таа цел,започнат е процес во кој се вклучени сите  релевантни фактори, експерти од наутика, еколози се со цел да се најде најдобро еколошко и функционално решение за унапредување на езерскиот сообраќај”.

Инаку во регистарот на охридската капетанија запишани се 3280 пловила ,156 повеќе од лани. Екологистите притискаат да се намали бројот на моторни пловни објекти со големи сили и да се промовираат еколошки пловила.