Реклама
Македонија

Охрид блесна за Велигденските празници – градот, чувар на македонското православие, преполн со гости

Со мир во душата и љубов во срцето, да простуваме, да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со мир во душата и љубов во срцето, да простуваме, да се сакаме и почитуваме – Христос воскресе! Разгласувајќи ја веста за Христовото воскресение, силно одекнаа црковните ѕвона во градот, чувар на македонското православие. Тој радосен глас на полноќ беше најголема тишина која пробуди чувство на спокој кај секој православен христијанин.

Претесни Божјите храмови ги отворија ширум портите за оние кои доаѓаа да запалат свеќа – сите со една мисла и иста желба.

– “Па убаво ми е, веќе традиција ми стана, три години доаѓаме овде. Кои се вашите велигденски желби? Здравје, среќа, љубов, тоа е најважно, другото ќе си дојде по ред; Најубаво се’, здравје, среќа, радост на сите; Како ви се допаѓа амбиентот, зошто за Велигден во Охрид? Па затоа што сме гледале на телевизија дека е многу добро, па да дојдеме да видиме во живо; Доаѓам прв пат, јас сум од Турција. Го избравме Охрид бидејќи слушнавме дека има онолку цркви колку што има денови во годината. Ова е одличен период за посета на светиот град. Црквите се вистински светилишта, а народот тивок и спокоен.”

Реклама

Велигденската софра е најбогата, во чест на Бога се приносат се што е најубаво. Охрид од памтивек негува обичаи поврзани со овој светол ден.

– “Гледаме за најдобар можен начин да си го испочитуваме овој празник, да си ги направиме сите обичаи кои што се достоинствени за нас. Да им посакаме, во мое и во името на сите охриѓани, многу среќа, здравје, берикет и овој денешен празник да им донесе само убавини на сите граѓани на нашата држава Република Македонија,” рече Михаил Патчев, историчар.

На полноќ верниците се кршеа со велигденски јајца, а потоа полека ги напуштаа Божјите храмови. Централната богослужба со која чиноначалствуваше епископот Велички Никола, традиционално се одржа на Плаошник во Свети Климентовиот храм, Свети Пантелемон и од тој споменик на верата и убавината, сите кинисаа по тесните калдрмисани сокаци, каде се слушаа само нивните чекори на верниците. Инаку, оваа година, заедно со охриѓани во црквата Света Богородица Перивлепта, Христовото воскресение го дочека државниот врв. Семејно Велигден во Охрид го дочека премиерот Христијан Мицкоски, Претседателката на државата Гордана Силјаноска Давкова, министрите Николоски и Тошковски, градоначалникот Пецаков. Со секое „Христос воскресе!“ нека воскреснува надежта, да се радуваме на здравјето, на семејството и на се што не поврзува. Денешниот ден е можност да ја покажеме вистинската сила на заедништвото, порача таткото на градот.