Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Огнот стигна до куќите: Пожарникарите спречија катастрофа во Бонче и Палиград

Пожарите сè уште дивеат – во изминатото деноноќие се регистрирани 30 пожари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарите сè уште дивеат – во изминатото деноноќие се регистрирани 30 пожари на отворен простор. Од Центарот за управување со кризи, информираат дека противпожарните екипи успеале да изгасат 23 пожари кои зафатија шумски површини, депонии и сува трева во повеќе општини низ земјава. Осум од нив и натаму се активни. Тешка е ситуацијата во Палиград во Општина Студеничани, каде огнот се доближи на околу стотина метри од последните куќи во селото. Дирекцијата за заштита и спасување испрати три ер-трактори во борбата со огнот. Во моментов нема опасност за селото.

„Огнот се приближи на стотина метри од последните куќи од село Палиград на планината Китка – зад ридиштата, зад планината. Таму е распореден тим од професионалните пожарникари од Скопје, заедно со пинцгауер на дирекцијата кој дежураа во текот на ноќта, а веќе со дејство започнаа трите ер-трактори поради непристапноста на теренот, изјави Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.

Избегната е голема катастрофа и во прилепското село Бонче, каде пожарот поради ветрот, со голема брзина се доболижил до куќите во селото. Во интервенцијата на овој пожар се приклучи противпожарната екипа од Прилеп и Кавадарци, како и доброволци од Битола и Кочани. Пожарникарите, во меѓувреме делувале и кај прилепските гробишта, каде сведочат дека пламените јазици достигнале шест до седум метри височина.

Реклама

„Оваа ноќ катастрофата беше избегната над село Бонче, затоа што пламените јазици дојдоа до последните куќи на неколку стотини метри, што битолските доброволци успеаа да го сопрат. Добро е тоа што немаме загинати, немаме повредени, немаме изгорени куќи. Состојбата е алармантна. Високите температури продолжуваат, а најава за дожд во наредниот период нема.“, вели Ангелов.

Ангелов оцени дека овие неколку дена биле едни од најтешките оваа сезона, кога се работи за пожари на отворен простор. Овој период од годината е подложен на чести пожари поради високите температури, но противпожарните екипи континуирано ги следат и навремено реагираат. Од ДЗС апелираат да не се шири паника меѓу граѓаните.