Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Економија

Официјално стартува пазарот на електрична енергија, по принцип тргување во реално време

Со тропање на берзанското ѕвонче и официјално стартува тргувањето со струја во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со тропање на берзанското ѕвонче и официјално стартува тргувањето со струја во тековниот ден. Се работи за пазар на електрична енергија по принципот тргување во реално време, а не ден однапред како што беше пракса досега. Тоа значи дека во даден момент на оваа берза ќе се среќаваат продавачите и купувачите на струја од земјава и странство.  Надлежните велат дека со ова се стабилизира системот на струја. Надлежните сметаат дека ова е само почеток на енергетската интеграција со системот на ЕУ.

„Тоа им oвозможува на нашите компании да реагираат во реално време, да ги корегираaт своите енергетски потреби на само неколку часа пред испораката, да ги намалат трошоците за дебаланс и поефикасно да управуваат со своето производство и потрошувачка, што значи помали трошоци за нив, а секако поголема стабилност за нашата мрежа“ – вели Сања Божиновска – министерка за енергетика.

Според премиерот, овој пазар треба да придонесе за надминување на дебалансите и системските ризици на мрежата на електрична енергија. Тој рече дека Владата интензивно вложува во изградба на енергетски капацитети и проширување на мрежата. Тие вклучуваат изградба на далекуводи, гасни и нафтени интерконектори.

Реклама

„Се рестартираше повторно изградбата на интерконекторот со Албанија, продолжуваат и внатрешните рингови да се реновираат, реконструираат и да се зголемува капацитетот. Истовремено во енергетиката продолжуваме со инвестиција во гасни интерконектори со Грција и очекувам веке следната недела, од како се прибавени сите мислења да отпочне изградбата на северниот интерконектор. Го пуштивме нафтоводот со соседна Грција, со што практично рафиниријата е директно поврзана со Солунското пристаниште“ – вели Мицкоски.

Во врска со растечката инфлација, Мицкоски напомена дека Македонија не може да остане имуна на глобалните случувања и очекува раст на трошоците за живот помеѓу 4,5 и 6 проценти исто како и земјите од регионот. Сепак, тој смета на стабилизирање под 4 отсто следниот месец.

„Најмногу се зголемени транспортните услуги и секако тие ќе влијаат во крајниот износ на инфлацијата за април, која очекувам да излезе деновиве. Во Бугарија е веќе над 6 отсто, Хрватска се движи околу 6, а Грција околу 5. Нема како ние да останеме имуни на ова. Имајќи предвид минатата година овој период имавме и Велигденска кошница. Но, очекувам сето ова да се стабилизира во овој тековен месец и веќе од следниот месец да имаме инфалција, која што ќе биде под 4%, а доколку имаме стабилизирање на состојбите во Иран, во Заливот, тогаш очекувам да дојдеме до оние бројки кои што до крајот на годината ќе бидат меѓу 2 и 3 отсто“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Премиерот признава дека нема голем простор за маневар за поевтинување на основните прехранбени производи, освен намалување на повластената стапка од 5%. Замрзнувањето на маржи и цени, според него не е добра опција, бидејќи инфлацијата се прелева во наредните месеци по завршување на мерките. Во врска со обвинувањата дека некои фирми вршеле реекспорт на нафтени деривати, тој вели дека ако се докаже, тоа мора да се санкционира, бидејќи договорот за попуст од Окта не треба да важи за реекспорт во други држави.