Реклама

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Економија

Официјално означен почетокот на Градскиот воз кон Зелениково

Премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, раководствата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, раководствата на железничките пртрпијатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“ и нивни вработени, утрово, придружувани од медиуми, со Градскиот воз тргнаа од железничката станица во Зелениково кон Скопје. 

Симболичното патување е по повод официјалната промоција на проектот „Градски воз“ на првата од трите предвидени линии  со која се сообраќа од  Зелениково – Ново Зелениково – Орешани – Јане Сандански – Драчево – Лисиче и Нова железничка станица Скопје. 

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и раководствата на железничките пртрпијатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“, придружувани од медиуми, утрово од Новата железничка ст

Проектот „Градски воз” е идеја на оваа Влада со цел граѓаните на Скопје како од приградските места, така и од централниот дел да добијат побрз, поефикасен и подостапен јавен градски превоз. Целта е периферните делови на Скопје да се поврзат со централното подрачје на градот, што ќе значи поевтино патување, пократко патување, помалку чекање и побрз јавен транспорт.

Реклама

„Железници Инфраструктура“ за потребите на проектот „Градски воз” изврши целосна реконструкција на пругата за да го подигне нивото и капацитетот на брзина на оваа релација.

Сообраќајот на линијата Зелениково-Нова железничка станица Скопје ќе се реализира со три возови според точно утврден ред на возење од страна на МЖ „Транспорт“. 

Во тек се работи и на проектирање на втората и третата линија од „Градски воз“,  едната од Нова железничка станица преку Бутел – Скопје-Север до Ѓорче Петров и другата од Нова железничка станица преку Автокоманда- Маџари до Илинден.