Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Одржано првото издание на детскиот фестивал „Киселко“

Во преполната сала на Домот на култура „Билјана Беличанец“ денес се одржа првото издание на детскиот фестивал „Киселко“, во организација на Општина Кисела Вода. Настанот донесе вистинска музичка магија за најмладите, а пред публиката премиерно беа изведени 12 нови авторски детски песни. Покрај соло изведувачите, на сцената настапи и хорчето на „Киселко“, кое заедно со […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во преполната сала на Домот на култура „Билјана Беличанец“ денес се одржа првото издание на детскиот фестивал „Киселко“, во организација на Општина Кисела Вода. Настанот донесе вистинска музичка магија за најмладите, а пред публиката премиерно беа изведени 12 нови авторски детски песни.

Покрај соло изведувачите, на сцената настапи и хорчето на „Киселко“, кое заедно со членовите на балетското студио „Данса Латина“ создаде богата музичко-сценска програма исполнета со песна, игра и детска радост.

Учесниците на фестивалот беа избрани преку аудиции организирани во основните училишта на територијата на Општина Кисела Вода, а изборот го вршеа наставниците по музичко воспитување. Особено значајно е што сите 12 авторски песни беа обезбедени бесплатно за учесниците, со што родителите беа ослободени од какви било финансиски трошоци поврзани со нивното учество.

Реклама

– Сакавме да им обезбедиме соодветен простор на најмладите да го покажат својот музички талент, бидејќи инвестирањето во детската креативност е највредното вложување во нивниот правилен развој. Истовремено, ни беше важно ова искуство да не претставува финансиски товар за семејствата, па затоа сите песни за малите изведувачи се целосно бесплатни. Посакувам „Киселко“ да биде почеток на една нова традиција за децата во Кисела Вода – изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Реализацијата на фестивалот беше овозможена во соработка со продукцијата „Стробери Груп“, специјализирана за детски и младински телевизиски проекти и настани.