Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Одржана редовна седница на Штабот за заштита и спасување на Општина Илинден

Во Општина Илинден се одржа петтата редовна седница на Штабот за заштита и спасување, со која претседаваше командантот на Штабот, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. На седницата присуствуваа претставници од општинската администрација, јавните претпријатија, како и претставници од релевантни институции и компании, меѓу кои ОКТА, Макпетрол, ТАВ, ПС Петровец, Општинскиот противпожарен сојуз и Територијалната […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Илинден се одржа петтата редовна седница на Штабот за заштита и спасување, со која претседаваше командантот на Штабот, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

На седницата присуствуваа претставници од општинската администрација, јавните претпријатија, како и претставници од релевантни институции и компании, меѓу кои ОКТА, Макпетрол, ТАВ, ПС Петровец, Општинскиот противпожарен сојуз и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

На седницата беа разгледани насоки за превенција, навремено постапување и ефикасно справување со последиците од природни непогоди и други вонредни ситуации, со цел унапредување на координацијата меѓу надлежните институции. Посебен акцент беше ставен на подготвеноста за претстојниот период на високи температури. Во таа насока, членовите на Штабот дискутираа за активности насочени кон намалување на ризикот од пожари на територијата на општината, како и за мерки за заштита од можни поплави како последица на временски непогоди и нестабилни атмосферски услови.

Реклама

Општина Илинден и понатаму останува посветена на безбедноста и благосостојбата на граѓаните, заштитата на нивниот имот и животна средина, како и на унапредување на системот за превенција и справување со ризици на целокупната територија на општината.