Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

ОДЛОЖЕН МЕДИУМСКИОТ МРАК-КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ И ВЛАДАТА ЌЕ БАРААТ РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМОТ

Одложен најавениот прекин за реемитување на домашните и странските ТВ канали. Прекинот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одложен најавениот прекин за реемитување на домашните и странските ТВ канали. Прекинот беше најавен за 2 март на полноќ е  со исклучок на каналите на јавниот сервис МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.

Договорот за одложување падна на средбата на Здружението на информатичко-комуникациски технологии со премиерот, Оливер Спасовски, и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

На средбата било разговарано за последиците кои ги носат измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги. Исто така, известуваат од Владата дека констатирано  е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време.
–  На средбата е констатирана свесност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните.
Со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение, има согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали.

Реклама

Имено, вчера Делегацијата на ЕУ ја  повика  Владата, ТВ-станиците и кабелските оператори во Република Македонија, да седнат да преговараат и да изнајдат одржливо решение заедно со Регулаторот за медиуми, што ќе ги почитува слободата на изразување, слободата на медиумите и пристап до информации за сите граѓани.

Викторија Миткова