Реклама

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Македонија

Одбележан јубилеј – 30 години присуство на УНХЦР во Македонија

Денес, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и УНХЦР – Агенцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и УНХЦР – Агенцијата на ОН за бегалци, заеднички ја одбележаа 30-годишнината од присуството на УНХЦР во Македонија, кое во изминатите децении помогна на стотици илјади баратели на азил, бегалци и лица без државјанство.

Овој значаен јубилеј се одбележa со свечено отворање од министерот Тимчо Муцунски, на кој присуствуваше претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, високи државни и меѓународни претставници, вклучувајќи го заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, регионалниот директор на УНХЦР за Европа, Филип Леклер, претставникот на УНХЦР, Габриел Гуалано Де Годој, резидентниот координатор на ОН, Рита Колумбија, амбасадори, како и партнери од граѓанското општество, академската заедница, приватниот сектор и други регионални и меѓународни организации.

Настанот се организира во чест на тридецениската блиска соработка помеѓу УНХЦР и Владата на нашата земја, што ја одразува заедничката посветеност кон заштита на бегалците, поддршка на лицата без државјанство и промоција на човековите права и инклузивност. Во рамки на церемонијата беше претставен комеморативен поштенски жиг кој го симболизира хуманитарниот придонес на Македонија, кој заедно со напорите на УНХЦР, претставува доказ за лидерството и посветеноста на нашата земја кон меѓународните хуманитарни вредности.

Реклама

-УНХЦР е горд што активно ги поддржува напорите на Македонија за заштита на бегалците и другите лица кои имаат потреба од меѓународна заштита. Во изминатите три децении, нашата соработка помогна да се заштитат правата и достоинството на многу луѓе и одигра клучна улога во спречување на повторна појава на лица без државјанство во земјата. Подготвени сме за понатамошна соработка за зајакнување на системот за азил, подобрување на политиките за локална интеграција на барателите на азил и бегалците, како и за усвојување на постапка за утврдување на статус на лицата без државјанство. Ова трајно партнерство е доказ за нашата заедничка посветеност на хуманитарните вредности и ја истакнува Македонија како пример за регионот и светот, изјави Филип Леклер, регионален директор на УНХЦР за Европа.

-Додека се навраќаме на изминатите 30 години, ги славиме постигнувањтаа овозможени преку нашето цврсто партнерство. Нашата соработка со УНХЦР беше тестирана преку бројни предизвици. Заедно работевме на зачувување на човековите права, хуманоста и достоинството, како и солидарноста, нудејќи заштита, помош и надеж за илјадници бегалци, баратели на азил и раселени лица.

Активно сме ангажирани во напорите за поддршка на бегалците и раселените лица преку зајакнување на системот за азил, развој и поддршка на програми за интеграција, обезбедување пристап до основни услуги како образование и здравствена заштита, и создавање услови бегалците да ги обноват своите животи со достоинство.

Демонстриравме отпорност и прилагодливост во усогласувањето на националните политики со принципите на хуманитарното право. Од земја која во минатото имаше потреба од значителна поддршка од меѓународната заедница, денес станавме пример за земја која дава поддршка, истакна министерот Муцунски во обраќањето.

На церемонијата беа презентирани говори и сведоштва од лица кои имаат бенефит од поддршката на УНХЦР низ годините, истакнувајќи го не само влијанието на присуството на агенцијата, туку и проактивната улога на Македонија во зачувување на глобалните принципи на инклузија и заштита. Овие сведоштва ја нагласуваат длабоката и позитивна улога на нашите заеднички напори во поттикнување на попријатна и поддржувачка средина за оние на кои им е потребна помош.