Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Од полноќ: „Сејф сити“ почнува да казнува – за почеток ќе се регистрираат само четири прекршоци

Последен ден без казни и само со опомени за брзо возење. Од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последен ден без казни и само со опомени за брзо возење. Од полноќ „Сејф сити“ официјално почнува со работа, а сите сообраќајни прекршоци регистрирани од камерите ќе се санкционираат автоматски.

По завршувањето на пробниот период, системот влегува во целосна функција, со евидентирање на брзо возење, минување на црвено светло и непрописно запирање и паркирање. Дополнително, преку автоматско читање на регистарските таблички, системот ги споредува податоците со базата на МВР и детектира возила со истечена или невалидна регистрација. Системот не го идентификува возачот туку  казната оди директно до сопственикот на возилото.

Надлежните велат дека целта не е казнување, туку зголемување на безбедноста и намалување на сообраќајните незгоди.

Реклама

Во првите 24 часа од тестирањето на ‘Сејф сити’ беа регистрирани над 110.000 прекршоци – очигледно многу од нас досега возеле како сакаат. Од утре, единствениот начин да избегнете казна е да ги почитувате правилата.“

За пречекорување на брзината до 20 километри на час казната изнесува околу 20 евра, од 20 до 30 километри – 45 евра, а за поголеми пречекорувања казните достигнуваат и до 300 или 400 евра, со можност за привремено одземање на возачката дозвола.

За минување на црвено светло предвидена е казна од околу 250 евра, додека непрописното паркирање ќе се санкционира со 30 до 50 евра. За возило со истечена регистрација казната оди до сопственикот на возилото.

Казните ќе пристигнуваат директно до сопствениците, а доколку се платат во законскиот рок, предвидено е и намалување на износот.

Граѓаните се со поделени ставови. Дел веруваат дека „Сејф сити“ ќе воведе поголем ред во сообраќајот, други стравуваат од нов финансиски товар.

Од утре, „Сејф сити“ повеќе не е тест, туку реалност што се случува на улиците.