Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Бизнис

Од март идната година во Скопје ќе може да се изнајмуваат електрични автомобили

Скопјани од март ќе може да изнајмуваат електрични возила преку апликација. Проектот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјани од март ќе може да изнајмуваат електрични возила преку апликација. Проектот  за заедничко користење автомобили во Скопје ќе го спроведува словенечката компанија „ Авант кар“.  За да ја користите апликацијата , прво ќе мора да се најавите со возачка дозвола во канцеларијата на компанијата во Скопје, а потоа ќе добиете лозинка. Цената на возењето ќе се формира во февруари, кога и ќе се спроведува пилот проектот, а ќе биде различна во зависност од дестинација. Очекувањата се возење да чини од  3 -6 евра, или од Центар до скопскиот Аеродром од 10 -15 евра. Плаќањето ќе биде во електронска форма.

Од Владата очекуваат иницијатива да придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот како и намалување на сообраќајниот метеж. Пилот проектот ќе почне да се спроведува во февруари во Аеродром, Чаир и Гази Баба, и тест периодот ќе заврши за еден месец

Реклама

Потпишувањето на писмото за намери претставува конкретна и видлива акција за решавање на еден од најгорливите предизвици со кои се соочуваме, загадениот воздух. Претставува можност за поздраво и поеколошко Скопје, посочи Изет Меџити, министер за животна средина и просторно планирање

Со вакви иницијативи испраќаме јасна порака – Македонија е земја што ја вреднува својата иднина и презема акција за да ја обезбеди. Покажуваме на приватниот сектор дека ова е место каде иновациите успеваат, а инвестициите носат трајни резултати, потенцира Божиновска.

Со проектот се очекува граѓаните да се откажат од околу 1500 свои возила и да возат електрични автомобили кои ќе ги изнајмуваат по поволни услови.. Она што засега се знае е дека возилата ќе бидат поставени на приватни паркинзи, на околу 40 локации затоа што компанијата побарала, меѓутоа не добила дозвола од Град Скопје за да користат паркинг места со кои стопанисува Градот.