Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Од институционална грижа кон поддржано живеење, нов фокус на „Порака наша“ Куманово

Новиот претседател  на здружението на граѓани „Порака наша“ од Куманово, Сашо Арсениевски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот претседател  на здружението на граѓани „Порака наша“ од Куманово, Сашо Арсениевски, кое од 2023 година е лиценциран давател на услуги во системот на социјална заштита под надлежност на Министерството за труд и социјална политика, денеска најави  активности за примена на концептот „живеење со поддршка“, како современ модел за социјална инклузија и самостоен живот на лицата со попреченост.

-Во нашето законодавство постои правилник кој го регулира начинот на давање на социјални услуги, меѓу кои и услугата „живеење со поддршка“. „Порака наша“ сака да даде свој придонес за овие законски одредби да не останат само на хартија, туку да се унапредат преку иницијативи и активности, и навистина да заживеат во пракса, изјави Арсениевски.

Концептот е  алтернатива на институционалното згрижување во старечки домови или специјализирани установи, кои, според Арсениевски, често не ги исполнуваат очекуваните стандарди на грижа.

Реклама

-Со моделот на живеење со поддршка, корисниците ќе бидат сместени во мали станбени единици од пет до седум лица и ќе добиваат стручна помош за секојдневни и инструментални активности, од готвење и купување, до одржување на лична хигиена и развој на социјални вештини, појаснува тој.

„Порака наша“ е основана во 2006 година од родители на лица со интелектуална попреченост, професионалци од областа на социјалната заштита и ентузијасти кои сакале да придонесат за подобрување на животот на оваа категорија граѓани.

Во текот на 19 години, здружението се соочи со бројни предизвици, но и постигна значајни резултати. Претходно, здружението се финансираше преку општина Куманово, сега преку МТСП.

Во рамките на здружението функционира Дневен центар, кој во просек опслужува околу дваесетина корисници. Вкупно здружението брои над 350 членови, од кои повеќе од 35 се регистрирани со активна пристапница.

По добивањето на лиценцата од Министерството за труд и социјална политика, „Порака наша“ стави посебен акцент на професионална рехабилитација и работна интеграција на лицата со попреченост.

-Нашиот стручен тим – магистри по социјални науки и експерти за социјална заштита обезбедуваат индивидуализирана поддршка на секој корисник. Им помагаме да ги развијат своите способности и да се мотивираат за активна вклученост во општествениот и професионалниот живот, вели Арсениевски.

Главната цел на здружението, според Арсениевски, останува непроменета, заштита на правата и достоинството на лицата со интелектуална попреченост и нивна поголема социјална инклузија.