Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 Од гордост до руина: Како „Еврохотел“ во Струга стана симбол на беззаконие

Удавен во криминал и коруптивни зделки,своевремено еден од најголемите хотели во бифша…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Удавен во криминал и коруптивни зделки,своевремено еден од најголемите хотели во бифша Југославија,струшкиот “Еврохотел” повеќе од една деценија е во катастрофална состојба. Крајно небезбеден и запоставуван, системски се уништувал објектот изграден во 80-тите години од минатиот век. Оштетен кров,неисправни лифтови кои 6 години не биле сервисирани, уништена и дотраена електрична инсталација која буквално секој момент можела да се запали и да вивне во воздух целиот објект се само дел од проблемите со кои се соочило новото раководство на хотелот.“Еврохотел” e симбол на нефунционални државни институции и срам за судско-обвинителската власт затоа што дозволија вакво самовластие на поединци-без влакна на јазик велат од управата на хотелот.

 “Наназад години и години се информирани и МВР и Ј.О и државен правобранител и Владата на Р.М и различни агенции и инспекторати, пазарни и технички инспекторати и еден куп други државни институции буквално од некоја причина предметите застаруваат, се чуваат во фиока се случува сериозен криминал”-вели Игор Чекичевски,претседател на надзорен одбор

Хотелот има 325 апартмани, дел од нив своевремено биле во сопственост на разни државни институции и компании кои во еден долг децениски период почнале да ги продаваат.И од тогаш трае голготата на 70-тина сопственици кои ги купиле апартманите но не извадиле имотен лист.Злоупотребувајќи ја нивната неажурност,одредени лица ги обивале апартманите,менувале брави и нелегелано ги издавале.Оштетените кои претежно се српски државјани поднеле и кривични пријави.

Реклама

 “И тука ми се чини е многу пострашно што државата која што има свои апартмани, ги остави така да може да ги узурпира кој сака.Сега годинава гледам министерство за финансии превзеде некои мерки.Меѓутоа мислам дека судовите повеќе ги штитат узупаторите отколку вистинските сопственици” -вели Јосиф Јорданоски,станар

”Сега ако има чесни луѓе,чесно според закон во државата секој што има имотен лист да се забрза правото по дадени документи за сопственост на земјиштето.Секој со имотен лист што има поднесено во општината, 10 години има од тогаш поминато и повеќе сеуште тоа не е решено”-вели Сашко Дуброски,станар

И додека трае оваа имотно-правна голгота за земјиштето,новата управа полека го санира објектот но тој сеуште е далеку од функционален.Одговорноста велат има име и презиме,пред лицето на правдата мора да застанат сите кои го урнисаа и приграбија дел од Еврохотел.