Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Македонија

Од дијалог до акција: Западен Балкан со заложба за унапредување на квалитетот на образованието

Во Скопје денеска се одржал регионален стратешки дијалог „Од податоци кон дејствување:…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје денеска се одржал регионален стратешки дијалог „Од податоци кон дејствување: Креирање заеднички решенија за квалитетно образование во Западен Балкан“, организиран од УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија во соработка со ОЕЦД и Европската комисија, под покровителство на Министерството за образование и наука на Северна Македонија, на кој експерти и практичари од областа на образованието и креатори на политики од земјите на Западен Балкан се согласиле околу заеднички приоритети за зајакнување на образовните системи и обезбедување квалитетно учење за секое дете.

Како што соопшти Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, на отворањето на првиот ден, министерката за образование и наука Весна Јаневска истакнала дека резултатите од ПИСА тестирањето покажуваат дека мора да се работи на повеќе аспекти истовремено – од зајакнување на квалитетот на наставата и воннаставните активности, до поддршка на благосостојбата на учениците и подготовка за начинот на кој се тестираат компетенциите на учениците.

Во текот на дводневниот настан, претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија ги разгледале најновите податоци, дискутирале за националните и регионални предизвици и заеднички работeа на изнаоѓање решенија за унапредување на образованието во Западен Балкан.

Реклама

– Овој дијалог ја потврди нашата заедничка посветеност да му овозможиме на секое дете да учи и да успее, изјавила Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија. Со фокус на конкретни акции и регионална соработка, можеме да изградиме посилен и поинклузивен образовен систем за сите деца, изјавила Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија.

Еден од клучните исходи на дијалогот беше согласноста да се надмине  јазот помеѓу универзитетите и училиштата преку реформа на иницијалното образование на наставниците, за новите наставници да бидат целосно подготвени за настава и учење базирани на компетенции. Учесниците исто така ја нагласија важноста од зајакнување на наставничката професија преку создавање можности за кариерен развој заснован на заслуги, стои во соопштението на Канцеларијата на УНИЦЕФ.

Дополнително, било потенцирано дека реформите мора да стигнат до училниците – а не само на хартија. За тоа да се постигне, потребно е да се усогласат оценувањата и наставните програми и да се создадат услови за наставниците да ги поддржат учениците во совладувањето на компетенции и вештини клучни за нивната иднина.

Од УНИЦЕФ додаваат дека дискусијата ја одразила сè поголемата свест за вредноста на взаемното учење и соработка, а за да продолжи регионалната соработка, било договорено изготвување заеднички технички и аналитички документ кој ќе служи како насока за образовните и стратешки реформи низ земјите од Западен Балкан.