Реклама
Македонија

Од денеска нова авиолинија Охрид- Истанбул, Николоски најави субвенционирање и на други

Македонија добива на атрактивност како туристичка но и бизнис дестинација и со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија добива на атрактивност како туристичка но и бизнис дестинација и со новата стратегија на владата за привлекување на авиокомпании на нашите два аеродрома. Колкав е ефектот, досега се покажа на неколку пати, со воведувањето на десетина нови дестинации. Она што е важно е дека се зголемува атрактивноста на охридскиот аеродром, кој од денеска ќе опслужува летови и на „Туркиш Ерлајнс“ кој ќе носи туристи во нашиот главен туристички центар.