Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Оценка меѓу 3 и 4 за патната инфраструктура во Македонија, даваат експертите

На скала од еден од пет,патната инфраструктура во Македонија експертите ја оценуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На скала од еден од пет,патната инфраструктура во Македонија експертите ја оценуваат со просек помеѓу три и четири.Патиштата од највисок ранг во нашата држава се дефинирани со паневропските коридори 8 и 10 и треба да бидат во најмала рака експресни,иако крајна цел е нивно автопатско поврзување.Во овој поглед Македонија со децении каска, за илустрација  57-те километри од автопатот Кичево-Охрид на кој сега интезивно се работи,а се гради цели 11 години требаше да биде готов во 2018-та.

 “Ние во овој трисет и неколку годишен период не разбравме, не научивме дека инфраструктурата е основниот и најважниот елемент за државата.Значи мора да сфатиме дека сообраќајната инфраструктура е крвотот на секојдневното живеење на сите нас, основен фактор за развој на екномијата на државата”-вели проф.д-р. Верица Данчевска

Четириесет километри од автопатот Кичево-Охрид ќе биде пуштен во употреба пред почетокот на летото,проблемот со свлечиштата ќе се решава со помош на странски експерти.Се прават напори да биде готов што е можно најбрзо, но факт е дека наследивме искучително лош проект, потсетува ресорниот министер Николоски.

Реклама

Првата работа со која што лани се соочивме дека година и нешто не се асфалиташе воопшто,ги променивме законот, сите гледате дека се работи.Втората работа како е пректирано е проектирано, постојниот проект поминува низ градби од А категорија, поминува во заштитено подрачје на аеродромот, поминува преку бензиски пумпи, поминува преку болници и преку хотели, тоа се објекти кои не можете да ги експропиирате.Експропријација се прави до куќи и за тоа најдовме решение –вели  Александар Николоски-министер за транспорт и врски

На власта и тежи и доизградба на Коридорот 10,кој што треба да поминува помеѓу Велес, Припел, Битола до Игуменица, тој дел воопшто не е направен.Плетват е тесно грло, а магистраланиот пат Битола-Охрид е во лоша состојба, оценуваат експетите. И во една ваква ситација прашање е дали Македонија инфраструктурно заостанува зад земјите во регионот?

 “Во стручната и научната фела сеуште постојат недоумици дали ни требаат нови патишта или одржување на постојните тоа се две прашања различни.Јас ако лично ме прашате сакам да има нови патишта, посебно нови автопатишта да ја поврзат државата со околните држави значи регонот да биде поврзан, а исто така процесот на одрживање да не застанува” -вели Данчевска

Покрај патната, допрва треба да се развива и железничката инфраструктура која е во уште полоша состојба,само на тој начин ќе имаме поефикасен, побезбеден превоз ипомалку сообраќајни незгоди, сите фактори се еден со друг поврзани,истакнуваат експертите.