Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Обвинителството и Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал ќе ја унапредуваат соработката во борбата против прекуграничниот криминал

Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска остварил работна средба со претставници на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска остварил работна средба со претставници на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал (УНОДЦ), на која биле разгледани можностите за унапредување на соработката во борбата против прекуграничниот криминал.

На средбата, како што соопшти ЈОРСМ, било разговарано за размена на информации, спречување на илегалната трговија со дрога и луѓе, како и за зајакнување на капацитетите на јавните обвинители во повеќе специфични области.

На средбата со Данило Рици, регионален претставник на УНОДЦ за Југоисточна Европа, Украм Насиров, шеф на Програмската канцеларија во земјава и Стојна Атанасовска Димишковска од Канцеларијата на УНОДЦ биле договорени специјализирани обуки за јавните обвинители во сферата на искористување на вештачката интелигенција во борбата против криминалот, спречување на трговијата со нови видови наркотици, како интензивирање на регионалната соработка за поефикасен прогон на прекуграничен криминал по должината на Коридорот 8.

Реклама

Во следниот период, како што се наведува во соопштението, ќе продолжи интензивна координација со цел операционализирање на сите аспекти на ваквата соработка.