Реклама
Прилози

Обвинителката имала многу работа: ОЈО без одговор за сомнежите околу клиниката „Жан Митрев“

Зошто била тргната забраната за продажба на удели во Клиниката Жан Митрев?…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зошто била тргната забраната за продажба на удели во Клиниката Жан Митрев? Дали Зоран Заев и Венко Филипче преку злоупотреба на политичката моќ сакале да ја купат оваа приватна болница? Дали Обвинителството ќе ги истражува овие тврдења и сомнежи прашања поставивме уште вчера- одговори можеби ќе имало денеска, бидејќи обвинителката која решила да ја тргне забраната, вчера имала многу работа, постапувала во предмет на Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија. Сепак, иако најавен, одговор од ОЈО се уште нема. 

-Предметот е во Обвинителството и можеме да го провериме утре, уште повеќе што истата обвинителка денеска постапува во предметот на ОЈО ГОКК и има итни обврски. Така што утре одговор, ни одговорија вчера од ОЈО.

Тоа е одговорот кој Алфа го доби вчера по тврдењата на познатиот крдиохирург и сопственик на клиниката, дека екс премиерот Заев и поранешниот министер за здравство, сега лидер на опозициската СДСМ Венко Филипче, во време на ковид панедемијата барале начин да дојдат до сопствеништвото во приватната болница Жан Митрев. Нема одговор на прашањата дали Обвинителството отвори предмет по допрен глас по ваквите инфомрации.

Реклама

Митрев во гостувањето во „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа изнесе дека тоа се случувало во екот на судската хајка против, како обвинет за наводни измами на пациенти при лекување пациенти заболени од корона.

-Јас викам тоа се е во ред. Но имам покрај тоа што е блокирана болницата имам и забрана да продавам удели. И тогаш настана мала забуна, после точно не знам колку време, дали недела дена, дојде ново решение од обвинителство, можеби е чудно, но дојде ново решение од обвинителство, болницата е блокирана мојата сметка лична е блокирана, а  се ослободува болницата и може да се продаваат удели, изјави Жан Митрев на 15-ти јануари.

А Филипче наместо да одговори дали е точно дека тој и Заев преку притосоци и ургенции во Обвинителството ,сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“, помалку и нервозно ја нападна Алфа дека ширела лажни вести и обвини за дефокус. 

-Еве гледаш, не знаеш ни што ме праша. Нема да одговорам на прашања од кујната на ВМРО-ДПМНЕ. Дефокус фејк њуз Aлфа мене ме обвинуваат дека имам куќа во Нерези, доаѓаше ваш колега новинар, и што се случи таму ништо, и ова е истата работа, имате одговорност за објективно информирање на јавноста, не за вакви црни кампањи и дискредитирање, изјави Филипче 17-ти јануари.

Ваквите тврдења да доктор Жан Митрев отвораат сериозни прашања, дали здравствениот систем бил злоупотребуван за политички бизнис интереси, дали судските процеси врз клиниката биле користени како средство за притисок и дали приватниот сектор бил цел на организирани обиди за преземање на клиниката.

Матеја Петровски