Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Образовните институции во Струга жртви на лошите политики на Мерко

Хаос во образовните институции ќе наследи идниот градоначалник на Струга. Во 16…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хаос во образовните институции ќе наследи идниот градоначалник на Струга. Во 16 годишното владеење со Струга, Мерко кој го ситни 4-тиот мандат, ги изгуби ингеренциитеврз дел од воспитно-образовните институции. Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите над две основни училишта,а ги изгуби и градинките.

Поради незаконско поставување на директори,министерството за социјална политика му ја одзеде надлежноста врз градинките во времетрање од најмногу една година, сметано од 19.02.2025 година.

Што значи новиот градоначалник извесен период не ќе може да раководи со градинките. Таму сеуште не е решен статусот на 18 негувателки,воспитувачки,хигиеничарки кои се ангажирани со договор на дело. Некои од нив скоро 2 децении до неодамна работеа за мизерна плата од 10.000 денари.

Реклама

„Во врска со поднесените барања во министерството за финансии за обезбедување финансиски средства за вработување на 5 лица на неопределено време на работно место неговател.За истите е добиено известување за обезбедени средства во буџетот за 2025-та и истото е доставено до градинката на нивно натамошно постапување. Во врска со барањето за обезбедување финансиски средства за вработување на 1 лице на неопределено време на работно место воспитувач се уште, не е добиен одговор од министерството за финансии”, велат од Министерството за социјална политика.

Новоименувата директорка поставена од ресорното министерство вели дека сега земаат минимална плата односно 22.500 денари,пари кои ги обезбедува самата градинка.

„Колку што има буџет градинката толку се плаќа.Ама пак нормално требаат решенија затоа што некои работи што треба да се прават во градинката стопирано е се’ ништо не се прави за да се даваат пари.Место нема доволно за децата, имаме и листа на чекање а треба уште нова градинка да се прави.Има и други работи што не се во ред тука ама ќе се трудиме да се среди понатаму”, вели Флореше Емуш, директор на детската градинка „8 Март“ – Струга.

Инаку во моментов во градинките се згрижени 365 деца, 150 се на листа на чекање.Директорката е оптимист дека ќе добијат нов дополнителен објект и вработување на сите кои сега работат со договор на дело.