Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Објавен конкурсот за 12-то издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Организаторите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ ги објавија конкурсот и пропозициите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Организаторите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ ги објавија конкурсот и пропозициите за учество на годинешното 12. по ред фестиваслко издание. Заинтересираните автори треба да се пријават до крајот на март.

На новото издание на поетската манифестација која се одржува во Гостивар може да учествуваат сите поети од Македонија и балканските земји во две возрасни категории, до 18 години и над 18 години на слободна тема.

– Секој учесник конкурира со по три досега необјавени песни, не подолги од 32 реда, на својот мајчин јазик. За учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик задолжително треба да достават препев на македонски или на англиски јазик. Песните треба да се достават во WORD документ, наведуваат од одборот за организација на фестивалот.

Реклама

Покрај личните податоци, секој учесник задолжително треба да достави и адреса и место на живеење, возраст и телефонски број за контакт. Творбите се испраќаат на електронската пошта на фестивалот: [email protected].

– Доставените песни ќе ги оценува тричлена жири-комисија која ќе одлучува за наградите и ќе изврши селекција на авторите кои ќе бидат застапени во заедничката збирка. Авторите кои нема да ги исполнат во целост наведените услови во конкурсот нема да се разгледуваат, појаснуваат од одборот.

Крајниот рок за пријавување е 31-ви март, 2026 год.

Фестивалот „Литературни искри“ годинава се организира по дванаесетти пат, во Гостивар во чест на 24-ти Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Традиционалниот поетски фестивал „Литературни искри“ е поддржан финансиски од Министерството за култура и туризам од областа на манифестации и фестивали како проект од национален интерес во културата за 2026 година.