Неуспешно завршија прегоровите меѓу САД и Иран. Американскиот потпертседател Џеј Ди Венс кажа дека тие ја дале својата конечна и најдобра понуда, но Иранците одбиле да ги прафатат условите. Проблемот е нуклеарната програма, од која официјален Техеран не сака да се откаже. Неуспехот во прегоровите на социјалните мрежи го потврди и претседателот на Америка, Доналд Трамп, кој најави и итна блокада на Ормутскиот теснец.
-Да ја скратам приказната, состанокот помина добро, се согласивме за повеќето точки, но она што е навистина важно, НУКЛЕАРНАТА, не помина.Во одреден момент ќе дојдеме до ситуација „НА СЕКОЈ МУ Е ДОЗВОЛЕНО ВЛЕГУВАЊЕ, НА СЕКОЈ МУ Е ДОЗВОЛЕНО ИЗЛЕГУВАЊЕ“, но Иран не го дозволи тоа, само затоа што велат: „Можеби има рудник некаде“, за која никој освен нив не знае.Ова е ГЛОБАЛНА УЦЕНА и лидерите на државите, особено САД, никогаш нема да бидат уценувани, порача Трамп.
Неуспехот во преговорите го потврди и заменикот на Трамп, Џеј Ди Венс.

–Имавме серија суштински разговори со Иранците, тоа е добрата вест. Лошата вест е дека не постигнавме договор. Мислам дека тоа е лоша вест за Иран, а не за САД. Значи, се враќаме во Соединетите Држави без постигнат договор. Многу јасно им ставивме до знаење на Иранците кои се нашите црвени линии, изјави Венс.
Заменик претседателот на иранскиот Парламент, Хаџи Бабаеи тврди дека кој сака да помине низ Ормутскиот теснец, ќе мора да плати.
-Ормускиот Теснец е во рацете на Иран и мора да се платат патарини, порача Бабаеи.
По неуспехот на преговорите во Исламабад, рускиот претседател на Владимир Путин остварил разговор со неговиот ирански колега Масуд Пешејкијан. Понудил помош за постигнување мировно решение на Блискиот Исток
Од Кремљ соопштија дека Путин ја истакнал подготвеноста на Москва да помогне во изнаоѓање политичко и дипломатско решение и да посредува во напорите за воспоставување праведен и траен мир.
Матеја Петровски
