Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Економија

Новогодишното украсување не чини 675.000 евра

Фантастични 675.000 евра, потроши град Скопје заедно со уште 20 општини низ…

Сподели:

Фантастични 675.000 евра, потроши град Скопје заедно со уште 20 општини низ Македонија за украсување на улиците и плоштадите, што е за 10 % повеќе од лани.

Како што открива анализата на Центарот за граѓански комуникации, само во главниот град „стопени се“ околу 490.000 евра, односно 73% од парите за новогодишното украсување, се потрошени во Скопје. Парите ги трошеле општините – Центар, Аеродром, Карпош, Чаир, Бутел, Гази Баба, и Шуто Оризари. Општина центар, годинава потрошила близу 57.000 евра, а Аеродром, 48.500 евра, соопштува Центарот за граѓански комуникации.

Споредено со претходната година, но и таа пред неа, намален е бројот на општини, што ги украсиле плоштадите, но е зголемена вредноста на тендерите.

Реклама

Само Град Скопје за украсување на јавните површини потроши околу 285 илјади евра што е удел од 42% од вкупните пари за оваа намена.

Гледано во период од 5 години, Градот Скопје не ја смени фирмата со која го склучува договорот, но од година во година ја менуваше вредноста на договорите и тоа главно во нагорна линија. Оттука, вредноста на договорот за украсување на градот за дочекот на Новата 2020 е за речиси 70% поголема од договорот склучен за дочекот на Новата 2016.

Според базата на податоци, дури 91% од парите за украсување за новогодишниот дочек, завршиле кај две скопски фирми, „Линк Медиа Плус“ и „Метал-Вет-Ел“. Освен што договорите ги добиваат истите фирми, податоците велат дека продолжува и старата навика – на задоцнето објавување на огласите, за јавна набавка за новогодишно украсување, што, според „центарот за граѓански комуникации“, неповолно влијае врз конкуренцијата.

Инаку, пресметките на трошењата на општините се добиени од Електронскиот систем за јавни набавки.

Борис Грујоски