Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Бизнис

Новогодишна кошница – „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, пониски цени на 670 производи

Леб пекарски производи,  млеко и млечни производи, месо и производи од месо, пива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Леб пекарски производи,  млеко и млечни производи, месо и производи од месо, пива и вина, безалкохони пијалоци или над 670 производи  ќе се купуваат поевтино за новогодишните и божиќните празници. Синдиикатите, дистрибутерите, работотодавачите, работниците и производителите за прв пат заедно со Владата ја создадоа таканаеречената Новогодишна кошничка која ќе се применува од 15-ти декември до 15-ти јануарти.  Списокот е понуден од 60 компании во државава и бидејќи станува збор за договор нема да има казнување, а  Владата очекува дека производите ќе поевтинат за најмалку 10 отсто. Покрај тоа што во маркетите ќе бидат обележани со ознака „ Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ , граѓаните ќе можат и да ги видат на веб страната мојакошница.мк

Направивме нешто што досега не е направено, разговаравме со сите чинители на пазарот и со компромис се согласивме од 15 декември до 15 јануари цените на повеќе од 670 артикли да бидат намалени и брендирани со истиот слоган како во ноемвриската кошничка – „помалку трошоци, повеќе за тебе“, за граѓаните да ги препознаат. Нагласувам дека ова не е интервентна мерка на Владата, нема да има казни, туку само мониторинг, а трговците ќе треба да залепат налепници за таа стока да бидат видлива на полиците во маркетите, рече Мицкоски.

  Според министерот за економија Новогодишната кошница е целосно поразлична од претходната, есенската  во смисла дека не е донесена како непазарно решение за што имаше реакции од експертската јавност.  Со оглед на тоа дека листата е „скроена“ по терк на понуденото од компаниите , казни нема да има.  Доколку во наредните 10тина дена се појават злоупотреби, односно ако сега додека старува мерката трговците ги покачат цените, пазарниот инспекторат има мерки со кои ќе се бори за да се заштитат граѓаните :

Реклама

Опфатени се 650 производи предложени од производители, дистрибутерите и трговци. Опфатени се производи кои се трошат за овие празници меѓу кои леб, печива, житарки, месо, свежо и замрзнато овошје и зеленчук, рече Министерот Дурмиши.

Aко да речеме еден производ чини 10 парички до пред 10 дена, сега вештачки се покачи на 12 парички и сега од 15 декември повторно се врати на 10 парички тогаш ништо не сме направиле.  Се разбира ќе бидат опоменати, доколку и после опомената гледаме дека нема разум или некој сака тоа да го изигрува тогаш имаме ние алатки како сето тоа да го спречиме се разбира“, вели Христијан Мицкоски.

Инаку, во моментов на сила е и законот за нефер трговски практики, кој треба да придонесе за стабилизацијата на пазарот. По Нова година завршува преодниот период во кој компаниите се приспособуваа на Законот, и ќе се казнуват оние што нема да го почитуваaт. Министерот Дурмиши соопшти дека на дел од компаниите им било воочено дека дел од Законот не се применува, и ќе се разгледуваат причините зошто е тоа така.