Реклама
Македонија

Ново противпожарно возило за Општина Ресен, донација од Обединетото Кралство

Денот на македонските пожарникари Општина Ресен го одбележа со промоција на ново…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денот на македонските пожарникари Општина Ресен го одбележа со промоција на ново противпожарно возило, донација од Обединетото Кралство.

Според востановената традиција, низ улиците на Ресен и градскиот плоштад со креативна програма и активност на пожарникарите беше одбележан празникот, а градоначалникот Јован Тозиевски на најдобрите пожарникари им додели признанија.

– Во рамки на прославата беше промовирано новото противпожарно возило, како и новата опрема и униформи кои ќе придонесат за поголема безбедност и подобри услови за работа на Територијалната противпожарна единица. Оваа значајна донација е реализирана во соработка со Операцијата Флоријан, Обединето Кралство на кои им упатуваме искрена благодарност за поддршката и пријателството. Нашите пожарникари се вистински херои кои секојдневно се ставаат во служба на граѓаните, а наша обврска е континуирано да вложуваме во нивната подготвеност, опрема и услови за работа, посочи Тозиевски.

Реклама

Денот на македонските пожарникари, на пожарникарите од Ресен им го честитаа најмладите жители од овој град.