Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Новите правила за социјалните мрежи ќе донесат поголема интернет-безбедност за децата и контрола од родителите

Лица помлади од 18 години нема да можат непречено да ги користат социјалните мрежи, а вистинската возраст на корисниците ќе се утврдува со ВИ. Од компанијата Мета објавија нови правила за користиње на Фејсбук, Инстаграм и Месинџер, кои во пракса ќе значат строга контрола за возраста на корисниците, чии лични фотографии и видеа ќе бидат […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лица помлади од 18 години нема да можат непречено да ги користат социјалните мрежи, а вистинската возраст на корисниците ќе се утврдува со ВИ.

Од компанијата Мета објавија нови правила за користиње на Фејсбук, Инстаграм и Месинџер, кои во пракса ќе значат строга контрола за возраста на корисниците, чии лични фотографии и видеа ќе бидат ставени на техничка анализа, од која со голема веројатност би се утврдила нивната возраст. Тоа ќе доведе до забранет или ограничен пристап до неадекватна содржина и видео материјал.

Комуникологот Бојан Кордалов смета дека новите правила на Мета, ќе значат и побезбеден интернет за сите.

Реклама

Првата работа е дека правилата прво мора да постојат, а второ кога ќе се направат мора да важат за сите. Затоа од конечно само од една расправа што е подобро се преоѓа во систем тоа да се преземаат конкретни мерки. И одлуката да се ограничи пристап на одредена содржина на публика под 16 однонсно 18 години е едно од решенијата што се очекува да донесе побезбеден интернет за самите деца, меѓутоа и побезбеден интернет за сите“, вели Кордалов.

За прв пат родителите добиваат поддршка во обидот да го контролираат тоа што на интернет го следат нивните деца.

Клучната работа е да земеме предвид дека поддршката за родителите и поддршката што компаниите ја прават е клучна. Многу зборуваме за забрана без притоа да збоуваме за нешто што вистински ќе помогне. Добар или позитивен пример во оваа насока беше токму примерот на Европската комисија којашто изработи апликација што овозможува полесна контрола и следење на тоа на која возраст дете смее или не смее да следи нешто на одредена мрежа. Тоа е добар начин и токму тоа Мета сега се обидува да го имплементира“, додава тој.

Најавено е дека наскоро ќе дојде и до промена, односно ограничување на алгоритмите на социјалните мрежи, со што ќе биде оневозможено континуираното следење на една иста содржина.

Не смее да се дозволи алгоритмите, мрежите или дигиталните платформи да бидат помоќни од секој човек или помоќни од демократијата“, смета Кордалов.

Кордалов смета дека за сметка на поефикасно корисничко искуство, технолошките гиганти не смеат да ги злоупотребуваат личните податоци, да тргуваат со нив или на било кој друг начин да ги носат корисниците во заблуда.

Срѓан Ивановиќ