Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Поништувањето на деветтата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители, што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поништувањето на деветтата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители, што се случи поради воочени законски недоследности, дефинитивно се рефлектира врз и онака сериозниот кадровски дефицит во правосудството. Владата нуди решение: нов закон, нова генерација идни судии и обвинители и повеќе од 200 вработувања во судовите. Вербата е дека со тоа ќе се стабилизира системот и ќе се ублажи хроничниот недостиг на кадар во правосудството.

Кадровскиот дефицит е последица на долгогодишни слабости и проблеми кои се таложеле со години, истакнува заменик-министерот за правда, Ален Деребан. Најкритична е состојбата во судовите и обвинителствата во внатрешноста, како и во Граѓанскиот и Кривичниот суд во Скопје.

„Недоследностите во сегашното законско решение беа една од причините поради кои Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители ја поништи таа деветта генерација. Поради тоа ни е потребно донесување на новиот закон за да може да се распише нова генерација. Законот е во владина процедура и очекувам во брзо време да биде проследен во Собранието и донесен, за да може Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители да распише нов оглас“, вели Ален Деребан, заменик-министер за правда.

Реклама

Покрај законските измени, експертите оценуваат дека за вистински напредок на правосудството се неопходни и темелни реформи. Тие посочуваат дека е потребна рационализација на судската мрежа, унапредување на обуката на судиите и јавните обвинители, како и зајакнување на нивниот интегритет и одговорност. Последните случаи во кои судии се најдоа под кривична одговорност, велат тие, дополнително ја разнишаа довербата на граѓаните во судството.

„Тоа е страшно. Тоа повеќе погодува отколку кој било друг случај на корупција што е пронајден надвор. Значи, некако се дуплифицира. Еден таков негативен настан има негативно влијание врз општите ставови и врз довербата во судството“, вели академик Владо Камбовски.

Покрај новите законски решенија, клучно е нивното доследно спроведување и следење на реформите за поефикасно и потранспарентно правосудство, вели Камбовски. Од Министерството за правда посочуваат дека голем дел од законите се дел од реформската агенда, меѓу кои и измените на Законот за Судскиот совет, чија цел е зајакнување на независноста на судската власт.