Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Прилози

Нови услови за земјоделски субвенции, ќе се зголемат контролите на корисниците

Поголема површина на обработено земјоделско земјиште и поголем број добиток како прв…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголема површина на обработено земјоделско земјиште и поголем број добиток како прв критериум, како и продадена количина на овластен откупувач како втор критериум, се новитетите во стратегијата за исплата на субвенциите за 2026 година.

Заострувањето на критериумите од Министерството за земјоделство има цел правилна распределба на средствата и зголемување на домашното производство на храна. Министерот Цветан Трипуновски вели дека на овој начин парите ќе завршуваат кај вистинските земјоделци, а не кај апликанти кои не го обработуваат земјиштето, а користат буџетски средства.

Минатата година, како што посочи, бил потпишан меморандум за соработка со кој државните земјоделски инспектори ќе ѝ бидат ставени на располагање на Платежната агенција, со цел контролите на терен да бидат поефикасни и да се спречи евентуално одлевање на средства.

Реклама

Поради утврдени аномалии и нереални исплати во изминатиот период, Министерството веќе подготвува и нова стратегија за субвенционирање за седумгодишниот период што ќе започне во 2028 година. Како појдовна основа се предвидува значително зголемување на минималната обработлива површина за одредени култури, како и повисоки прагови за сточарското производство.

Целта е зголемување на домашното производство на храна, со што земјава би ја намалила увозната зависност и би создала услови за извоз на вишокот на странските пазари. Воедно, се разгледува и поддршка за земјоделците при обезбедување сертификати за квалитет, како и засилена кампања за купување домашни производи.