Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Нови предизборни поместувања во МВР,полицајци од Аеродром распоредени во Шутка, Сарај, Мирковци

Нови предизборни поместувања во МВР. Полицаецот Кристијан Младенов, од полициската станица Аеродром…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови предизборни поместувања во МВР. Полицаецот Кристијан Младенов, од полициската станица Аеродром се пожали дека на ден пред новата година, тој и поголема група на други полицајци добиле решенија за прераспределување на нови работни места. Тврди дека биле преместени во станиците во Сарај, Мирковцки и Шуто Оризари, места кои се одалечени и по 30 километри од местата каде што живеат.

“Секоја зграда под број, секоја улица, паркинг и сл. ни беа врежани во меморијата за да може што е можно побрзо да се излезе на било каква интервенција во сервис на граѓаните, за ноќта на 30.12.2019 да добиеме решенија во Полициски одделенија како Сарај, Мирковци и Шуто-Оризари, оддалечени 20 до 30 км од нашите места на живеење. Распоредени во одделенија на места каде што наша нога не стапнала, а за која цел? Дали знаете колку време ни треба да го научиме тој терен? Дали за вас сме нешто повеќе од бројка? Дали заслуживме вакви деградирања?“ – пишува Младенов.

Младенов вели не бил сам, и дека други добиле такви решенија, иако не открива за колку луѓе станува збор.

Реклама

Дали е ова политички реваншизам или законски преместувања во МВР, не се знае.Од МВР молчат, на прашањата од Алфа засега нема одговор.Ова обвинување доаѓа само ден пред формирање на техничка влада, кога на чело на МВР треба да седне нов министер на предлог на опозицијата. Во изминативе месец – два во јавноста излегоа обвинувања дека СДСМ пред да го напушти ресорот изврши тактички промени со кои полицијата и покрај техничкиот министер би останала под нивна контрола.

Тука се споменува и укинувањето на единицата “Алфи”, која според старатa поставеност ќе требаше да му реферира на техничкиот министер, а сега ќе реферира на директорот на Единицата на интервентна полиција. Симптоматично е што за директор на оваа единица е назначен токму Примислав Димовски, кој всушност беше шеф на Алфите од кога на власт дојде СДСМ.

 

Ања Василева